Novalac Allernova AR Храна за посебна медицинска намена 0-36 месеци 400g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Novalac Allernova AR Храна за посебна медицинска намена 0-36 месеци 400g


  • Шифра: 1003658
  • Производител: Novalac
1.160 ден.

Novalac Allernova AR Храна за посебна медицинска намена 0-36 месеци 400g.

Novalac Allernova AR е храна за посебна медицинска намена. Наменета е за доенчиња и мали деца кои се преосетливи на протеини од кравјо млеко, со или без регургитација.

Novalac Allernova AR може да се употребува како единствена храна до 6 месеци. После 6 месеци млечната формула Novalac Allernova AR се употребува како дел од разновидната исхрана. Novalac Allernova AR е згусната храна, производ на хидролизирано кравјо млеко (казеин).

Не содржи глутен и лактоза
Novalac Allernova AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата
Лекување на пречувствителност на протеини на кравјото млеко вклучува целосно отфрлање на млечни белковини од храната на доенчињата, а за да се намали враќањето на храната (бљуцкање) се користи густа млечна формула. Вистинско решение за доенчињата со алергија на протеини на кравјото млеко е воведување на храна за посебни медицински потреби Novalac Allernova AR.

Novalac Allernova AR содржи хранливи состојки кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза. Novalac Allernova AR (екстензивен хидролизат на казеинот) со додадаток на пченкарен скроб е единствена млечна формула на пазарот која може да реши два проблема одеднаш: ги олеснува симптомите на алергија на протеини на кравјо млеко и го намалува бљуцкањето.

Novalac Allernova AR ги содржи сите хранливи состојки, кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза.

Novalac Allernovа AR може да го употребувате само под здравствен надзор. Не го користете како храна на здрави доенчиња. Novalac Allernova AR е контраиндициран кај галактоземија и/или малапсорпција на глукоза и галактоза.

Составот на специјалните млечни формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

За кого е наменета Novalac Allernova?

-Доенчиња и мали деца кои веќе имаат алергија на протеини на кравјо млеко

-Доенчиња и мали деца кои освен алергија имаат проблем и со бљуцкање

-Доенчиња од раѓање до 36 месеци


Novalac

Novalac