Beinwell Гавез крем со алпски билки 150g
- Шифра: 1005123
- Производител: Dr.Theiss
Beinwell Гавез крем со алпски билки 150g.
Има благ разладувачки ефект врз кожата. Благотворен е за оптеретени мускули и грб.
Поволно делува на намалување на болката и воспалението и ја потпомага циркулацијата благодарение на благотворните природни состојки како планинскиот бор и етеричното масло од алпските билки (арника, мајчина душица, жалфија, маточина, рузмарин). Дополнителен ефект обезбедуваат и гавезот и камфорот.
- 5% екстракт од комбинација од алпски билки (арника, мајчина душица, жалфија, маточина, рузмарин),
- 4% екстракт од гавез
- камфор
- планински бор
*екстракт од гавез за интензивна стимулација на регенерација и репарација на меките сврзни ткива, кожата, зглобовите и коските со дополнително дејство против болка,
*камфорот делува на тој начин што ги шири крвните садови во пределот на кожата каде што се нанесува и го зголемува протокот на крв, што предизвикува кратко чувство на печење проследено со пријатно чувство на ладење, Поволно делува на намалување на болката,
*планински бор (традиционално се користела за подготовка на лековити масти. Помага при ревматизам и гихт).
Нанесете неколку пати на засегнатите места и нежно втријте го во кожата.
Предупредување:
Избегнувајте контакт со очите. Добро измијте ги рацете по нанесувањето. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува под 25 °C.