Eucerin Urea Repair Plus 5% Лосион за тело 200ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Eucerin Urea Repair Plus 5% Лосион за тело 200ml


  • Шифра: 0019422
920 ден.

Eucerin Urea Repair Plus 5% Лосион за тело 200ml.

Eucerin UreaRepair PLUS Лосионот за тело со 5% уреа содржи уникатна и високоефикасна комбинација од состојки кои природно се наоѓаат на кожата и влијае на неколку клучни фактори што доведуваат до сувост на кожата.

Уреата и другите природни хидратантни фактори (NMF) ја задржуваат водата и така ги хидрираат горните слоеви на кожата.

Серамид-3 ја зајакнува природната заштита на кожата, ја намалува загубата на влага поради испарување и ги блокира иритансите коишто можат да предизвикаат воспаление и јадеж.

Глуко-глицеролот ја активира мрежата од природни канали во клеточните мембрани во подлабоките слоеви на кожата и со тоа овозможува поголема количина на вода да стигне до надворешните слоеви и да обезбеди подолготрајна хидратација.
Состав: вода, глицерин, уреа, цетеарил алкохол, глицерил глукозид, циклометикон, натриум лактат, бутироспермум паркии бутер, каприлик/каприк триглицерид, метилпропанедиол, октилдодеканол, дикаприлил етер, тапиока старч, глицерил стеарат СЕ, хидрогенизирани коко-глицериди, карнитин, серамид-НП, натриум ПЦА, аргинин ХЦЛ, серин, аланин, хистидин ХЦЛ, цитрулин, лизин ХЦЛ, млечна киселина, натриум хлорид, диметиконол, гликоген, манитол, сахароза, глутаминска киселина, треонин, хондрус криспус екстракт, натриум цетеарил сулфат, 1,2-хексанедиол, феноксиетанол.



Употреба: За надворешна употреба.

Нанесете од лосионот и нежно масирајте додека целосно да се апсорбира Нанесувајте толку често колку што е неопходно.