URIMANOZA FORTE ќесички, 10 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




URIMANOZA FORTE ќесички, 10 ќесички


  • Шифра: 1003309
  • Производител: Esensa
620 ден.

URIMANOZA FORTE ќесички, 10 ќесички.

Urimanoza Forte, прашок за перорална примена содржи оптимална комбинација на активни состојки кои со заедничко дејство на природен начин го решаваат проблемот со уринарната инфекција.

Во една кесичка се наоѓаат:

- Д-маноза дејствува така што ги привлекува бактериите Escherichia coli во урината, ги врзува за себе и на тој начин спречува нивна адхерација на епителот од уринарниот тракт. Формираниот комплекс на Д-маноза – E. Coli потоа се исфрла преку урината.Ефикасноста на Д-манозата е потврдена со бројни клинички студии. Д-манозата инкорпорирана во формулација Urimanoze Forte е од висок квалитет , со потекло од Германија.

- Екстрактот од плод на органски одгледувана брусница од Канада поседува уроантисептично дејство кој спречува адхезија на бактерии на ѕидовите на уринарниот тракт, и ја намалува pH вредноста, што допринесува за создавање на средина непогодна за бактериите. Покрај антиадхезивниот ефект, антибактериските својства и силното антиоксидативно дејство на проантоцијанидин тип А, одговорни се за создавање исклучителни ефекти врз здравјето на уринарниот тракт. Овој висококвалитетен, прочистен, стандардизиран екстракт го карактизира одлична биорасположливост на активни принципи и нивно потентно дејство.

- Витамин Ц, есенцијален нутриент со силно антиоксидативно дејство, остварува важна улога во третманот на акутни и превенција на рекурентни инфекции затоа што доведува до намалување на pH вредноста на урината, пто доведува до брзо отстранување на патогените од уринарните патишта.

• Ефикасно и безбедно решение за третман и превенција на инфекции на уринарниот тракт предизвикани од Escherichia coli
• Одржува правилна функција на уринарниот тракт
• Добра растворливост и одлична подносливост
• Пријатна арома на брусница
• За возрасни и деца постари од 3 години

Состав:
-Д-маноза 2 g
-Екстракр од плод на органски одгледувана канадска брусница (стандардизиран на 2% пронтоцијанидин)
-Витамин Ц 100 mg
Намена:

Допринесува за зачувување на правилна функција на уринарниот тракт
Ја олеснува елиминацијата на причината за проблемите од уринарниот тракт


Употреба;

Возрасни два пати дневно по една ќесичка.

Деца постари од 3 години 1-2 пати дневно по пола ќесичка.