BOMELINN таблети, 15 таблети
- Шифра: 1004283
- Производител: INNventa
BOMELINN таблети, 15 таблети.
Патентирана формулација на бромелаин, моќен ензим против воспалителни процеси.
Bomelinn® е додаток на исхраната кој содржи бромелаин, патентирана комплексна смеса на протеолитички ензими изолирани од кора на ананас (Ananas comosus) со уникатна јачина од 2500 GDU/g (желатин растворачки единици на грам).
Механизам на дејство
Бромелаинот ја инхибира синтезата на брадикинин и го смирува воспалението. Противвоспалителните ефекти на бромелаинот врз постоперативната болка и отокот на лице се позначајни во споредба со противвоспалителната активност на серапептазата. Во комбинација со конвенционалната терапија бромелаинот остварува корисна улога за смалување на болката и смирување на воспалението.
-Противвоспалително дејство
-Аналгетско дејство
-Антиедематозно дејство
-Фибринолитичко дејство
-Муколитичко дејство
-Имуномодулаторно дејство
Терапевтски ефекти
Смирување на болка, ублажување на оток и воспаление
Забрзување ресорпција на отоци и хематоми
Подобрување подвижност на зглобовите
Разградба на мукус и намалување на симптомите поврзани со заболувањето
Подобрување пенетрација на антибиотици во воспаленото ткиво, преку разградба на биофилм
Намалување доза на аналгетици
Побрзо закрепнување после повреди и подобрен квалитет на живот
Патентирана формулација
Bomelinn®, добиен од кора на ананас по пат на уникатен заштитен процес со повеќекратна водена екстракција. Специфичната технологија на производство ја спречува денатурацијата на ензимите и разградбата на активните состојки на бромелаин и после поминувањето низ гастроинтестиналниот тракт. Протеолитичките фрагменти од патентираната формулација остваруваат противвоспалителна активност пред и после симулација на гастро-интестинално варење, без потреба од користење на технологија за ентерично обложување (гастрорезистентна капсула или таблета).
Зошто Bomelinn®?
Ја смалува болката, ги смирува отокот и воспалението
Ја забрзува ресорпцијата на отоци и хематоми
Го забрзува закрепнувањето после траума или интервенција
Го подобрува квалитетот на живот
Комплементарна терапија со антибиотици и аналгетици
Комфорна примена - 1 таблета на ден
Напомена и предупредување
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Производот не е наменет за лица под 18 години, бремени жени и доилки, како ни за лица преосетливи на било која состојка на производот. Лицата кои користат лекови, пред употреба потребно е да се консултираат со лекар. Посебно внимание е потребно кај лица кои се на терапија со антикоагуланси и антиагрегациски лекови.