IDROZOIL Средство за измивање 150ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




IDROZOIL Средство за измивање 150ml


  • Шифра: 1002309
  • Производител: Erbagil, Italy
740 ден.

IDROZOIL Средство за измивање 150ml.

Стабилни озониди со витамин Е ацетат.
Иновативна формула која ги комбинира својствата на OZOILE® (стабилни озониди со витамин Е ацетат) со чистечкото дејство на децил-глукозид, неагресивен сурфактант со висока биокомпатибилност со кожата и мукоза и со мал капацитет на сушење.
Постојаната употреба на производот делува против појава на иритации поврзани со сува, иритирана, хиперчувствителна кожа, мукоза и скалп.
Тој претставува алтернатива за запазување на хидро-киселинскиот-липиден слој во случаи на алергиски, иритативен и себороичен дерматитис на кожа подложена на контакт со ортопедски помагала.
Не содржи парфеми и бои. Содржи природни конзерванси.
Состав:
Озоил (стабилен озонид со витамин Е ацетат), децил глукозид, масло од лисја на чајно дрво (Melaleuca Alternifolia).
OZOILE® ЕРБАГИЛ ПАТЕНТ
биолошки индуктор
Без лек, повеќе од лек
Дејствува на воспалителниот статус и против црвенило, чешање, горење и оток. Пренесува кислород до ткивото, ја санира и ревитализира кожата и мукусот, го обновува хидро-киселинско-липидниот слој.
Витамин Е Ацетат
Се спротивствавува на пероксидацијата на липидната мембрана. Го подобрува антиинфламаторното дејство на OZOILE®.
Масло од чајно дрво
Антифунгално дејство. Го подобрува антиинфламаторното дејство на OZOILE®.
ДЕЦИЛ ГЛУКОЗИД
Благ и нежен сурфактант и целосно компатибилен
со кожата, со слабо својство на делипидирање. Ги отстранува нечистотиите.

ИНДИКАЦИИ:

За секојдневно чистење и хигиена на воспалена кожа и кожа што чеша, мукоза и скалп погодени од микроорганизми.
Може да се користи за миење и прочистување на кожа која доаѓа во контакт со ортопедски помагала: импланти, потпори, ортози, гипс.
Идеален е за третман на кожа и мукоза на неподвижни пациенти и за чистење и превенција на рани.
Може да се користи за чистење на аналната и перианалната зона во случај на хемороиди, рагади и проктитис пред и по хируршки операции.
Особено погоден за често миење поради спортска активност и натпревари.
Употребата е индицирана за време на бременост, постпартум и за време на менструален циклус.
Кожа и скалп: Преосетливост на кожата, воспалителни состојби и чешање, ксероси, дерматози, првут, алергиски, иритативен и себороичен дерматит.
Хигиена: Смирувачко дејство против црвенило и чешање, делува освежувачки
Доенчиња и деца: теменици, црвенило, воспалителни, иритирани состојби и чешање, атопичен и алергиски дерматитис
Постари лица: за воспалена кожа, при чешање, иритирана, проsирна и алергиска кожа, иритација, себороичен дерматит.

НАЧИН НА УПОТРЕБА
• Чистење на кожата: Нанесете ја вистинската количина на производ на влажен сунѓер, нежно тријте го на кожата, а потоа исплакнете со вода.
• Интимна хигиена: Нанесете ја вистинската количина на дланка, направете пена, исчистете, исчистете, истријте и исплакнете со вода
• Чистење на скалпот: Нанесете го производот на влажен скалп, измасирајте и исплакнете со вода.

УПАТСТВО
Не голтајте и чувајте го подалеку од дофат на деца. Не го користете овој производ по истекот на рок на употреба. Не го користете ако се чини дека пакувањето е оштетено. Нема случаи на сензибилизација или несакани ефекти, доколку се појави овој феномен, прекинете ја употребата и консултирајте се со Вашиот лекар. Цврсто затворете го шишето по употреба. Чувајте го производот на суво место далеку од извори на топлина и од изложеност на сончева светлина. Датумот на истек на рок се однесува на производот недопрен и совршено зачуван. По отварање се препорачува да го користите производот во рок од 6 месеци.