DIMAS PURE COLOSTRUM Чист колострум во прав, 30 дози :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




DIMAS PURE COLOSTRUM Чист колострум во прав, 30 дози


  • Шифра: 1004034
2.860 ден.

DIMAS PURE COLOSTRUM Чист колострум во прав, 30 дози.

Чист колострум во прав -висок имуноглобулин (IgG 30%)

Колострумот е првото млеко што го произведуваат цицачите, вклучително и луѓето, по породувањето. Тоа е богата и хранлива супстанца која обезбедува основни хранливи материи и компоненти за зајакнување на имунитетот. Димас чистиот колострум во прав се добива од говедски (кравји) колострум и е познат по неговите здравствени придобивки.
Што содржи Димас Колострум?
Чист колострум со висок имуноглобулин (igG 30%). Колострумот е природен извор на витамини, минерали, протеини и ензими како што се:Имуноглобулини (IgG, IgA, IgM, IgE, IgD): aнтитела кои посредуваат при имунолошкиот одговор на телото.Лактоферин: Протеин со силно антимикробно дејство кој помага при апсорпцијата на железото во телото, го поддржува здравјето на цревната обвивка и игра важна улога во имунолошкиот систем.Цитокини: мали протеини кои ја помагаат комуникацијата помеѓу клетките за стимулирање на имунитетот  против воспаленија, инфекции и повреди.Полипептиди богати со пролин (PRPs): амино киселини кои го помагаат регулирањето на имунолошкиот систем и го поддржуваат производството на бели крвни зрнца.Фактори за раст (IGF-I, IGF-II, EGF): есенцијални хормони кои помагаат при изградбата и одржувањето на ткивата во гастроинтестиналниот тракт.Витамини во лесно апсорбирачка форма – А, Ц, Е, Б1, Б2, Б6 Минерали: калциум, магнезиум, фосфор, калиум и натриум. МАСА: 90гр. СОСТОЈКИ: Кравји колострум во прав – висок имуноглобулин ( IgG 30%) ЧУВАЊЕ: на ладно и суво (под 25°C) да не е изложено на сончева светлина. ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО: Холандија 
ПРИДОБИВКИ:
Зајакнување на имунолошкиот систем
Дигестивно здравје
Подобрување на виталноста
Регенерација на ткиво
Антиоксидативна заштита
Извор на енергија
Клеточно здравје
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
Опис Вредности на 100 гр./g
Енергетска Вредност 1,582 КЈ
Протеини 75 г/g
Јаглехидрати 16 г/g
Масти   1 г/g
Влакна 0 г/g

УПОТРЕБА: Возрасни и деца над 12 години : 3 гр.( 1 дозирна лажичка) на ден растворени во 150-200 мл. вода. Деца од 3-12 години  1гр. (третина дозирна лажичка) на ден растворени во 100 мл вода, сок, млеко или јогурт  Да не се надминува препорачаната доза. Возрасни 30 дози по 3 гр. Деца од 3-12 години 90 дози по 1гр.