LUPOCET trio ќесички, 10 ќесички.
Секоја поединечна ќесичка содржи 1000мг парацетамол, 200мг гваифенезин, 12,2мг фенилфрин хлорид.
Содржи три активни супстанции:
Парацетамолот е лек против болка (аналгетик) и зголемена температура (ја намалува температурата кога имате температура)
Фенилефрин хлоридот е деконгестив на слузницата во носот. Помага при затнат нос и овозможува полесно дишење така што го намалува отокот на носните патишта
Гваифензинот е експекторанс кој ја раствора слузта (шлајмот) и на тој начин ја ублажува влажната, продуктивна кашлица
Употреба:
Возрасни една ќесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба. Максимално во денот по 3 ќесички.