BOSCH AIR 4000 Прочистувач на воздух :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




BOSCH AIR 4000 Прочистувач на воздух


  • Шифра: 1003485
21.900 ден.

BOSCH AIR 4000 Прочистувач на воздух.

-Зголемете ја удобноста во Вашиот простор со прочистувачот на воздух Air 4000 од BOSCH
-Отстранува 99,9 % од сите загадувачи како полен, животински влакна, прашина, вируси и непријатни мириси во воздухот
-Го филтрира воздухот во простории со големина до 62,5 m²
-Го прочистува воздухот со високи перформанси на CADR од 300 m³/h
-Има автоматски/тивок режим, паметни сензори и Led светлосен прстен за прикажување на квалитетот на воздух.

Предности
-Едноставно чист и здрав воздух во Вашиот дом

Со Air 4000 Вие и Вашето семејство може да уживате во чист воздух и да избегнете здравствени ризици. Благодарение на пред филтерот, филтерот со активен јаглен и HEPA 13 филтерот, 99,9 % од сите загадувачи се отстрануваат од воздухот. Дополнително, филтерот кој се состои од овие три слоја е исклучително издржлив и може лесно да се замени во еден чекор.

-Корисни функции

Во автоматски режим, перформансите на прочистувачот на воздух постојано се прилагодуваат на квалитетот на воздухот и големината на просторијата благодарение на паметните сензори.
Дополнително, можете да ја активирате заштита за деца и да поставите тајмер, така што Air 4000 ќе се исклучи по одредено време. Овие функии обезбедуваат чист воздух без потреба од никакви прилагодувања. Air 4000 од BOSCH го чисти воздухот во простории до 62,5 m². Поради своите компактни димензии, прочистувачот може да се користи како самостојна верзија или да се преместува од една во друга просторија. Ова овозможува да се користи секаде каде што е потребен чист воздух.


-Лесно ракување со LED Display и светлосен прстен

Тековниот квалитет на воздухот може да го следите преку бојата на светлосниот прстен: сина, виолетова, портокалова, црвена. Покрај тоа, Air 4000 има лед екран на допир со 6 копчиња за лесен избор на режим. Интеракцијата со BOSCH прочистувачот на воздух е интуитивна и разбирлива.

-Тивок режим

Во тивок/ноќен режим, нивото на бучава на прочистувачот на воздухот е намалено на 25 dB (A), Air 4000 се слуша само тивко. Плус, Led светлата и екранот се исклучуваат за Вие и Вашето семејство спиете непречено.

Гаранција 24 месеци.