HEPALIFE forte капсули, 15 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




HEPALIFE forte капсули, 15 капсули


  • Шифра: 1002418
795 ден.

HEPALIFE forte капсули, 15 капсули.

Хепатопротектор на новата генерација. Употребата на хепатопротектори, заедно со промените во животниот стил, може во голема мера да го олесни црниот дроб, да придонесе за подобрување на неговата функција и да ги отстрани симптомите. HEPALIFE forte го детоксицира, регенерира и штити црниот дроб.

HEPALIFE forte - хепатопротектор со единствена формулација што е индицирана за употреба:

-Во терапија на замастен црн дроб
-Со покачени нивоа на трансаминази и GGT
-Кај дијабетичарите
В-о случај на зголемен внес на лекови (хепатопротектор)
-Кај хронични воспалителни заболувања на црниот дроб (хепатитис Б и Ц)
-Во терапија на токсично оштетување на црниот дроб (алкохол, лекови, неправилна исхрана, пушење)
-Адјувантна терапија кај цироза на црниот дроб
-Во случај на хронично оштетување од жолчни камења
-Со покачени вредности на холестерол
-При детоксикација на телото
Состав и начин на делување на производот :

1. Силифос – силибин-фосфолипиден комплекс 80 mg:

Силибин (32 mg) – ја стимулира активноста и синтезата на ензимите во црниот дроб; антиоксидантна активност која спречува липидна пероксидација и губење на глутатион; антиинфламаторна и антифибротична активност; ја намалува отпорноста на инсулин и акумулацијата на маснотии во црниот дроб

Лецитин (48 mg) – носител на силибин низ хепатоцитната мембрана (помага за подобро искористување на силибинот); ја подобрува функцијата на црниот дроб со намалување на нивото на LDL холестеролот и зголемување на VLDL холестеролот; ја одржува нормалната структура на хепатоцитната мембрана

2. S-аденозил-L-метионин (SAM-e) 111,1 mg: Значаен антиоксиданс и хепатопротективен агенс; учествува во синтезата на глутатион (најсилниот чистач на црниот дроб од токсини)

3. Холин-L-битартрат 85 mg: Учествува во синтезата на фосфатидилхолин; значајно за секрецијата на VLDL во црниот дроб

4. Витамин Е 12 mg: Моќен антиоксиданс; го модулира воспалителниот одговор; ја модулира клеточната пролиферација; ги подобрува нивоата на ензимите на црниот дроб AST и ALT; ја намалува акумулацијата на маснотии во црниот дроб, фиброзата и воспалението.

5. Витамини од Б комплекс - вклучени во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините; придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеин; го регулира нивото на шеќер во крвта.


Начин на примена: Еднаш дневно, 3 месеци континуирано.