ARTHRONAL капсули, 90 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ARTHRONAL капсули, 90 капсули


  • Шифра: 1002206
  • Производител: biocinalis+
1.780 ден.

ARTHRONAL капсули, 90 капсули.

Arthronal® е додаток во исхраната кој содржи компоненти кои позитивно влијаат на формирањето на колаген и сврзното ткиво, како и на нормалната функција на коските.
Arthronal® содржи активни компоненти на МСМ комплексот, глукозамин, екстракт од растение Therminalia chebula, хондроитин, хијалуронска киселина и фолна киселина. Содржи и бакар, манган, цинк, витамин Д и витамин Ц кои играат важна улога во процесот на формирање на колаген и сврзно ткиво, како и во нормалната функција на коските.

Уникатна содржина:

Метилсулфонилметан (MSM) – клучниот елемент на сврзното ткиво и синовијалната течност во најчистата форма на МСМ достапна на пазарот
Глукозамин – висококвалитетен глукозамин – од растително потекло, кој не предизвикува стомачни проблеми и алергиски реакции поврзани со глукозамин изолиран во лушпата.
Therminalia chebula – екстрактот од плодот на ова дрво е на врвот на листата на лековити растенија кои се користат за лекување на болести на зглобовите
Хондроитин сулфат – компонента која природно може да се најде во екстрацелуларната матрица на зглобовите и која помага во подобрување на движењето на зглобовите и намалување на триењето помеѓу површините на зглобовите
Хијалуронска киселина – може да се најде во сврзните ткива и во зглобовите и служи како лубрикант
Витамин Ц – го овозможува процесот на формирање на колаген со што придонесува за нормална функција на коските и ‘рскавицата
Цинк – придонесува за одржување на нормалната структура на коските
Манган – придонесува за одржување на нормалната функција на коските и нормалната структура на сврзното ткиво
Бакар – придонесува за нормално одржување на нормалната структура на сврзното ткиво
Фолати – придонесуваат за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем
Витамин Д3 – придонесува за процесот на ресорпција/употребливост на калциумот и фосфорот и за одржување на нормалното ниво на калциум во крвта. Витаминот Д придонесува за одржување на нормалната структура на коските

Употреба:

Содржи комплекс од 11 избрани активни компоненти со синергетски ефект
Има поволен ефект врз болката и ограниченото движење кај пациенти со остеоартроза на коленото, колкот, мали зглобови на рачниот зглоб и кај остеопороза на ниво на ‘рбетниот столб
Помага за нормално производство на колаген, сврзно ткиво и нормална функција на коските
Го подобрува функционалниот капацитет на зглобовите
Предизвикува здрав воспалителен одговор
Помага во закрепнување по повреди на лигаментите и другите главни и странични елементи на зглобовите

Препорачана доза и употреба:

Се препорачува да се земаат 6 капсули дневно во првите 4-6 недели, а потоа 3 капсули на ден. Дневната доза на капсули може да се зема еднаш или во неколку одделни дози во текот на денот. Во првите недели се препорачува да се земаат 3 капсули два пати на ден.