Blood STOP фластер 2,5cm X 2.5cm, 20 парчиња
- Шифра: 1001882
Blood STOP фластер 2,5 X 2.5cm, 20 парчиња.
BloodSTOP фластерот е изработен од 100% етерифицирна натриум карбоскиметил целулоза, која е растворлива во вода и биокомпактибилна. Кога BloodSTOP материјалот ќе дојде во контакт со крв и ексудат, се претвара во хемостатски гел кој адхерира на повредената површина и на тој начин овозможува заздравување. Чистиот прозирен гел превенира контаминација и овозможува лесен преглед на раната.
Индикации за употреба
За контрола на крварење на површински рани настанати од лацерации, исекотини, абразии,венска пукнција, и за брзо заздравување кога е потребна влажна средина на раната. Наменети се за целата популација и за тие на антикоагулантна терапија.
Начин на употреба:
1. Исчистете ја раната. Ставете 1 или повеќе слоја на раната со сува рака или ракавица. Притиснете континуирано додека не сопре целосно крварењето (најчесто е тоа 2-3 минути).
2. Покријте со додатен фластер за да се одржи влажна средина и притисок. Ако продолжи крварењето, побарајте медицинска помош.
Заменете го фластерот за 24 часа.
3. За да го отсраните прснете со чиста стерилна вода или стерилен солен раствор и нежно и внимателно одлепете го гелот. Повторете ги сите чекори додека не оздрави раната.