Halsept спреј за уста и грло 30ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Halsept спреј за уста и грло 30ml


  • Шифра: 000080
  • Производител: Bionika
330 ден.

Halsept спреј за уста и грло 30ml.

СОСТАВ Левоментол, тимол, етерични масла од еукалиптус, жалфија, каранфилче и нане. Останати состојки: полиоксил 40 хидрогенирано рицинусово масло, глицерол, пропилен гликол, сахарин-натриум дихидрат, еозин и прочистена вода.

ДЕЈСТВО Дејството на ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се должи на карактеристиките на активните компоненти кои влегуваат во неговиот состав. Комбинацијата на активните компоненти, кои содржат флавоноиди, танини, терпени и други ароматични соединенија, придонесува за антивоспалителното, антисептично и аналгетско дејство на медицинското средство.

Етеричното масло од нане, како и Левоментолот, аплицирани локално во усната празнина имаат противвоспалително дејство, локално благо ладејќи и намалувајќи ја болката. Тимолот, благодарејќи на неговата фенолна структура покажува антибактериски и антифунгални својства. Етеричното масло од еукалиптус покажува антибактериска и антифунгална активност и делува противвоспалително. Етеричното масло од жалфија поседува адстрингентни и антисептични својства, со што го прави производот погоден за третирање на ранички и улцерации (афти) во усната шуплина, воспалителни и трауматски процеси на меките ткива, третман на гингивит и по стоматолошки интервенции како обработка на пародонтални џебови, третман на меки ткива, чистење на забен камен и орални хируршки интервенции. Етеричното масло од каранфилче, содржи голема количина на еугенол кој делува противвоспалително и како локален аналгетик. ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се препорачува и при воспалителни промени во грлото, поради своите антибактериски и антифунгални својства, делува антисептично, ја намалува болката при голтање и го олеснува дишењето.

ХАЛСЕПТ спреј за уста и грло се користи и во случаи на појава на непријатен здив од устата од разни причини.

НАЧИН НА УПОТРЕБА При болки во грлото и отежнато голтање: Веднаш реагирајте уште на првите знаци на непријатно чувство во грлото. Две до три распрскувања во задниот дел од грлото на секои 3- 4 часа или по потреба за брзо да се уништат микроорганизмите и да се спречи инфекција.

За воспалителни појави во усната празнина: Непријатни појави како крварење или пречувствителност на непцата, воспаление на непца (гингивитис) и воспаление на периодонтален лигамент (периодонтитис), афти, разни промени на јазикот и образите од различни причини и друго. Две до три распрскувања 3- 4 пати на ден половина час по јадење. Прснете го заболеното место во усната празнина, почекајте 15 секунди, потоа проголтајте го растворот.

За лош здив: Бактериите што се задржуваат на коренот од јазикот создаваат непријатен мирис наречен халитозис или лош здив. Откако ќе ги исчеткате забите, внимателно исчеткајте го и коренот на јазикот за да ги отстраните бакериите. Потоа распрскајте два до три пати од Халсепт спрејот за уста и грло во усната празнина, почекајте 15 секунди и проголтајте го растворот. Повторете го ова по секој оброк.


Bionika

Bionika