Kondrovit Compex капсули, 45 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Kondrovit Compex капсули, 45 капсули


  • Шифра: 0000200
  • Производител: Pharmamed
480 ден.

Kondrovit Compex капсули, 45 капсули.

Кондровит комплекс капсулите се диететски производ, додаток во исхраната со намена за опоравување на зглобните структури. Во нормални околности рскавицата на зглобот непрестано се троши и обновува. Доколку во овој процес дојде до неурамнотеженост, односно ако трошењето на рскавицата е поголемо од нејзиното обновување настанува артроза (пропаѓање на рскавицата). Болеста се појавува најчесто после 40 год. од животот и може да го зафати било кој зглоб. Глукозаминот и кондроитинот природно се синтетизираат во организмот и потоа учествуваат во одржавањето и формирањето на здраво зглобно ткиво. Со истовремена примена на овие два елементи можно е да се подобри опоравувањето на зглобните структури и да се намали болната состојба предизвикана со нивното пропаѓање. Заради тоа Кондровит комплекс капсулите се препорачуваат кај дегенеративни и ревматски промени на зглобовите, кај отежната подвижност на зглобовите како и кај спортски повреди и други повреди и трауми.


Се зема 2 пати на ден по една капсула со јадење. Пациенти со дијабет треба да се консултираат со лекар.