Redupetin крем 20ml
- Шифра: 0017206
- Производител: Medipharma Cosmetics
Redupetin крем 20ml.
Дамките, флеките и останатите хиперпигментации и дисколорации се промени на кожата како последица на УВ-Б (280-320nm) зрачење, од сончева светлина или УВ ламби. Предоминантно се јавуваат кај лица со многу светол и светол тен на кожата и може да бидат привремени или трајни. Кај геријатриската популација истите се јавуваат и дополнително како последица на природното нарушување на механизмот на дистрибуција на меланин и зголемена активност на меланоцитите.
Редупетин ќе го најде своето место како дерматолошки препарат за специјална нега токму кај трајните непосакувани промени на лицето, вратот, деколтето, рацете и било кои други видливи делови на телото.
Редупетин кремот има богат хранлив состав кој делува тринасочно кон редукција, намалување, избелување на дамките и флеките на кожата. Не содржи парабени, парафински и силиконски масла, ПЕГ (полиетилен гликолни) соединенија и бои.
Се употребува навечер, на чиста и сува кожа (прво овој препарат па ако има потреба, одкако ќе впие, може и друг препарат за нега) најмалку 4 недели. Да се избегнува контакт со очи. Производот не е наменет за деца под 3 години. Да се чува на температура до 25 степени С.