NORMISON спреј за уво 10ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NORMISON спреј за уво 10ml


  • Шифра: 0021143
  • Производител: SIGMA PHARM
450 ден.

NORMISON спреј за уво 10ml.

За што се употребува Нормисон спреј за уво? 

за спречување на воспаленија на надворешниот слушен канал, особено кај чест или долготраен контакт со вода, на пр. после бањање, туширање, пливање и гњурење
како дополнителна терапија во тек на користење на лекови при воспаление на надворешениот слушен канал.
Нормисон спреј за уво може да се користи за време на бременост и период на доење.

Нормисон спреј за уво наменет е за возрасни и за деца над 3 годишна возраст.     

Како се користи Нормисон спреј за уво?                        

После бањање, туширање, пливање и гњурење (во слатка или солена вода) со притискање на распрснувачот, се препорачуваат 2 до 3 прскања (кај возрасни) и 1 до2 прскања (кај деца) Нормисон спреј за уво во надворешниот слушен канал. Оставете спрејот да делува 20 до 30 секунди, притоа држејќи ја главата навалена на страна. Потоа исправете ја главата и избришете го вишокот на течноста. Преостанатата течност во надворешниот слушен канал оставете ја да испари. Постапката се повторува и на другото уво. Нормисон спреј за уво се употребува загреан на температура на телото. 

Ако во надворешниот слушен канал има ушна маст, мртви клетки од кожа и други наслаги, пред примената на Нормисон спреј за уво се препорачува чистење на надворешниот слушен канал со Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст .