CERUSTOP спреј-масло за уво 10ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




CERUSTOP спреј-масло за уво 10ml


  • Шифра: 0021142
  • Производител: SIGMA PHARM
445 ден.

CERUSTOP спреј-масло за уво 10ml.

За што се користи Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст?

-за растворување и отстранување на прекумерната и стврдната ушна маст           
-за спречување на воспаление на надворешниот ушен канал              
-за чистење на ушната школка и надворешниот ушен канал.   



Начин на употреба:

Се распрскува во надворешниот ушен канал. Маслото потоа продира во ушната маст, ја раствора и го олеснува нејзиното отстранување. Стврднатата ушна маст влијае на слухот и може да предизвика воспаление на надворешниот ушен канал. Поради тоа е потребно нејзино редовно отстранување.

Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст-може да се применува во текот на бременост и доење.

Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст погоден е за примена кај возрасни и деца постари од 3 години.  Се затвора увото со парче памук за да се спречи истекување на Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст. Памукот се става надворешно нежно на отворот и никогаш не се внесува во ушниот канал. По 10 минути увото се плакне со топла вода по можност со помош на рачен туш. Во случај на појако стврдната ушна маст се препорачува повторување на постапката. 

За да се отстрани ушната маст, нечистотиите и изумрена кожа од ушната школка се распрскува на памук неколку пати млак Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст и се пребришува увото неколку пати. Потоа се брише со сув памук. 

По плакнењето со вода се препорачува примена на Нормисон капки за уши со цел да се забрза сушењето и да се обнови природната киселост на кожата во надворешниот ушен канал.