Myrkl капсули, 2 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Myrkl капсули, 2 капсули


  • Шифра: 1001872
  • Производител: De Faire Medical AB, Sweden
198 ден.

Myrkl капсули, 2 капсули.

Што е МYRKL
Myrkl е револуционерен додаток во исхраната, кој е создаден  од страна на de FAIRE MEDICAL (шведска биолабораторија) и усовршен во текот на три децении истражување и развој.  Myrkl содржи AB001™, прва формула во историјата, која ефективно го разложува алкохолот.
 

 
 Што го прави МYRKL уникатен
1. Уникатната формула на Myrkl, AB001™, помага во разложување на алкохолот во цревата, брзо, пред да стигне до црниот дроб, на состојќи кои  го намалуваат неговото штетно дејство врз телото.
2. AB001™ формулата е независно и научно тестирана и патентирана
3. Мyrkl е 100% природен и веган
 
 

Како работи MYRKL
Мyrkl е додаток во исхраната  пред - пиење. Уникатната формулација на Myrkl е направена од сопствени ферментирани оризови трици, кои содржат внимателно селектирани и култивирани високоперфомирани бактерии (Bacillus coagulans и Bacillus subtilis),  B12 витамин (има улога во зајакнуванње на имунитетот,нивото на енергија и намалување на уморот), L-Cysteine (амино киселина,која ги ублажува симтомите на мамурлокот) и Dextrin (природно средство за згуснување).
Сите овие состојки се  признаени и одобрени како безбедни од EFSA (Европска агенција за безбедност на храна) и Америчката FDA.
 
Каде е доказот дека Myrkl работи
Myrkl спроведе рандомизирани двослепи плацебо испитувања, кои потврдија дека консументите кои испија две чаши вино и го зедоа Myrkl пред пиење имаа 50% помалку алкохол во крвта по 30 минути од плацебо групата, и 70% помалку по 60 минути.
 20% од внесениот алкохол се апсорбира во крвта преку уста и стомак, додека 80% оди во цревата, каде престојува некое време пред нормално да се апсорбира во крвта.Со употреба на Myrkl, 70% од овој алкохол се разложува во цревата на вода и јаглерод диоксид ,така што штетните продукти од алкохолот не се обработуваат во црниот дроб. 
 
Кога да се земе Myrkl / колку да се земе
За максимален ефект, потрошувачите треба да земаат две Myrkl капсули најмалку еден час пред да консумираат алкохолен пијалок и тој ќе остане ефикасен и до 12 часа, што значи дека нема потреба да се земаат повеќе од две капсули дневно.
 
Дали зголемувањето на дозата, исто така, ги зголемува ефектите
Не. Една доза Myrkl има  околу 1 милион живи бактерии,кои поминуваат низ стомакот недопрени и доагаат во цревата. Овде во цревата, живите микроби се хранат со алкохол и колку повеќе алкохол има наоколу, толку повеќе микробни клетки има (во најдобри случаеви можат да се множат на секој 20мин.), а со тоа се  повеќе се излачуваат ензими кои го дигестираат алкохол, т.е. Myrkl расте со својата задача. Препорачаната доза е оптимална
 
Има ли некој несакан ефект на Myrkl
Не се забележани несакани ефекти од клинички испитувања или општа употреба на производот. Myrkl не се препорачува за бремени,доилки или лица под 18 години.
 

Колку време пред да почнам да пијам треба да го земам Myrkl за да добијам најдобар ефект
Еден до два часа пред планираната консумација на алкохол. Првиот ефект може да се зголеми со земање на прва доза претходно, на пр. наутро, при што настанува грундирање (припрема)на микробната средина на цревата.
 
Може ли да го земам Myrkl откако почнав да пијам. Што се случува со неговите ефекти во тој случај
Да, може да се заме Myrkl  покасно,но тоа ќе го забави неговиот почеток на дејство.
 
Може ли да го земам Myrkl ден откако консумирав алкохол
 
Не. Целиот внес на алкохол се апсорбира во крвта ден потоа , а  Myrkl дејствува само во цревата. т.е. не може да се очекува анти-мамурлачен ефект од земањето на Myrkl ден по консумирање алкохол.
 
Може ли да го растворам прашок Myrkl во вода за да го испијам наместо како капсула
Не. Прашок Myrkl не се раствора во вода, туку во формат на капсула, бактеријата  стигнува во цревата,каде се манифестира нејзиното  дејство.
 
Колку долго Myrkl останува во моето тело
Myrkl бактериите во цревата остануваат  во рок од 24 часа.
 
За кого е наменет Myrkl
Умереното општествено пиење зазема огромен дел од денешната култура на живеење,при што повеќето луѓе излегуваат секоја недела за да уживаат во неколку пијалоци, дружејќи се. Целта на Myrkl е да им помогне на  сите оние кои сакаат да  уживаат во друштвениот живот и да водат активен социјален живот,без разлика дали се зафатени работни професионалци,млади родители,студенти..., а следниот ден да се разбудат свежо и енергично.
 Myrkl не е наменет за лица кои сакаат да испијат вишок
 
 

 
 


Кога да се земе Myrkl / колку да се земе
За максимален ефект, потрошувачите треба да земаат две Myrkl капсули најмалку еден час пред да консумираат алкохолен пијалок и тој ќе остане ефикасен и до 12 часа, што значи дека нема потреба да се земаат повеќе од две капсули дневно.
 
Дали зголемувањето на дозата, исто така, ги зголемува ефектите
Не. Една доза Myrkl има  околу 1 милион живи бактерии,кои поминуваат низ стомакот недопрени и доагаат во цревата. Овде во цревата, живите микроби се хранат со алкохол и колку повеќе алкохол има наоколу, толку повеќе микробни клетки има (во најдобри случаеви можат да се множат на секој 20мин.), а со тоа се  повеќе се излачуваат ензими кои го дигестираат алкохол, т.е. Myrkl расте со својата задача. Препорачаната доза е оптимална