BIODERMA ПРОМОТИВЕН СЕТ
- Шифра: 1001758
- Производител: BIODERMA

BIODERMA ПРОМОТИВЕН СЕТ.
Сетот содржи:
1.BIODERMA Photoderm COVER Touch SPF50+ тониран заштитен крем за комбинирана кон масна кожа 40ml.
Иновација за комбинирана до мрсна кожа: текстура со максимална покриеност која и овозможува на кожата слободно да дише без да предизвика појава на нови неправилности (акни) благодарение на високата концентрација на минерални пигменти. Заштита од УВА/УВБ со 100% минерални филтри. Овозможува мат ефект до 8 часа. Содржи Cellular Bioprotection™ патент, внатреклеточна биолошка заштита, кој ја стимулира природната одбрана на кожата против штетните ефекти на сончевото зрачење. Тестирано под дерматолошки надзор. Одлична подносливост. Некомедогено. Фотостабилно. Отпорно на високи температури и влажност. Употреба: Нанесете рамномерно на лицето и вратот, 20 минути пред изложување на сонце. Постапката да се повторува неколку пати во текот на денот, посебно после капење, бришење на кожата или физичка активност. За возрасни.
2.BIODERMA Sebium пенест гел за миење и прочистување на комбинирана и масна кожа 200ml.
Го регулира квалитетот на себумот без да ја исуши кожата. Благодарение на Fluidactiv комплексот спречува појава на неправилности и биолошки го регулира квалитетот на себумот. Збогатен со прочистувачки агенси, цинк глуконат и бакар сулфат, Sébium гелот ја чисти кожата и спречува прекумерно лачење на себум. Без сапун. Се измива.
Употреба: Наутро и/или навечер, секојдвено. Навлажнете го лицето. Мала количина од гелот втријте го меѓу дланките и со настанатата пена исчистете го лицето. Исплакнете со вода. Може да се користи и како гел за бричење.
