Vitamin A+D3 капсули, 50 меки капсули
- Шифра: 0003275
- Производител: Alkaloid
Vitamin A+D3 капсули, 50 меки капсули.
Состав
1 капсула содржи:
витамин А (во форма на ретинил палмитат) – 500 µg (1667 IU)
витамин Д3 (холекалциферол) – 10 μg (400 IU)
Дејство
Витаминот А придонесува за одржување здрава кожа и слузокожа, како и за одржување на видот и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување на коските и за нормална мускулна функција. Недостигот на витамин Д може да предизвика остеомалација (омекнување на коските) кај возрасни и остеопороза кај постари лица. Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување здрави заби. Тој, исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.
Витаминот Д стекнува хормонска активност кога холекалциферолот (витаминот Д3) се претвора во 1,25-дихидрокси витамин Д3 (калцитриол) во црниот дроб и во бубрезите. Витаминот Д3 е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина (УВБ). Сепак, со денешниот начин на живот, престојување во затворени простории и со широката примена на производи со заштитни фактори, се појавува недостиг на 1,25-дихидрокси витамин Дз којшто е неопходен за изградба на коските и за регулација на имунолошкиот систем.
Употреба Капсулите Витамин А + Д3 Алкалоид® се употребуваат како додаток во исхраната кај деца и кај возрасни кои имаат зголемени потреби за овие витамини.