PARUSAN енергетски тоник 200ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




PARUSAN енергетски тоник 200ml


  • Шифра: 0015888
  • Производител: PARUSAN
655 ден.

PARUSAN енергетски тоник 200ml.

Кај жените вообичаено настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот.

Причините за алопеција кај жените се најчесто :

– хормонален дисбаланс во и после бременост,

– хормонален дисбаланс во менопауза,

– употреба на одредени лекови (антидепресиви, контрацептиви, антихипертензиви),

– одредени патолошки состојби со раст на андрогени хормони (полицистични јајници , нарушена функција на тиреоидната жлезда итн.),

– стрес,

– агресивни третмани за коса, фарбање и сл.

Парусан линијата ( Парусан стимулирачки шампон и Парусан енергетски тоник) делува директно против опаѓање на косата и го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите.

Парусан призводите содржат високовредни компоненти:

– АКТИВНА супстанца (AnaGain™) – (Advanced Ingredient Award 2014 –Beyont Beauty Lab- Paris) базирана на екстракт од никулци од грашок, која ја продолжува фазата на раст за сметка на фазата на одмор

– Растителни екстракти од пченица, хмељ, цвет од камилица , невен, босилек

– PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло – поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата

– L-Аргинин – стимулира микроциркулација и подобар трансфер на хранливите материи во фоликулите

– Биотин ( витамин Б7) – поттикнува создавање на кератин

– Витамин Е – антиоксиданс кој ја штити кожата на главата од штетните ефекти на УВ зрачење, ја подобрува циркулацијата и на косата и дава сјај

– Пантенол ( витамин Б5 )


Nачин на употреба:

На измиена и сеуште влажна коса се нанесува и со кружни движења се масира кожата на скалпот. Се остава да делува, без измивање.

За секојдневна употреба. Првите резултати се видливи после 3 месеци редовна употреба на Парусан линијата.