Bioapifit маст против хемороиди 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Bioapifit маст против хемороиди 50ml


  • Шифра: 1001709
  • Производител: APIHERBAL
745 ден.

Bioapifit маст против хемороиди 50ml.

СОСТАВ: мед, пчелен восок (Cera flava); глицерол. маслени екстракти од растителни видови:
надземен дел од столисник (Achillea millefolium L.), лист од жалфија (Sativa officinalis L.)лист од
широколисен трпут (Plantago major L.), кора од даб (Quercus robur L.), лист одмаслинка (Olea
europaea L.), цвет од невен (Calendula officinalis L.), цвет од камилица(Matricaria chamolilla L.),
надземен дел од троскот (Polygonum aviculare L.); етерично масло од австралиски чаеви
(Melaleuca altenifiolia), темјан (Timus vulgaris ct. thymol)и оригано (Origanum vulgare).
ИНДИКАЦИИ:
Bioapifit маст против хемороиди индицирана е за ублажување:
 ректално крварење
 јадеж и иритации во аналната регија
 оток во регијата на анусот
 болка
 непријатност при дефекација
НАМЕНА: Bioapifit маст против хемороиди наменета е за ублажување на симптомите
поврзани со хемороиди, фисури, prurius ani, и други аноректални состојби, како што се
крварење од ректумот, јадеж и иритација во аналната регија, оток во регијата на анусот, и
болка и непријатност при дефекација.
НАЧИН НА ДЕЈСТВУВАЊЕ: Bioapifit маст против хемороиди е медицинско средство класа Iia
која гу ублажува симптомите поврзани со хемороиди, фисури, pruritus ani и други
неинфективни аноректални тешкотии, со физичко дејство на слузницата во перианалната и
ректалната регија. Физичките параметри како ниска pH (поради присутноста на мед и
мацерат), висока осмоларност
/ниска активност на вода (поради присуството на мед), висока вискозност, маснотии (поради
присуството на мацерат, глицерин и пчелен восок), како и лубриканти.
Bioapifit маст против хемороиди резултира со ублажување на симптомите на хемороидалните
болести како што се крварење, свраб,иритација и болка поради: создавање на заштитен слој
на оштетената перианална и ректална слузница, што овозможува нејзино заздравување и
спречување на понатамошна иритација; создавање на неповолна средина за раст, и
размножување на патогени (ниска pH, висока осмоларност, ниска активност на вода, ефект на
обложување); ублажување на болката и непријатност во текот на дефекација поради
ефектотна подмачкување. 


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: За ублажување на симптомите на надворешни

хемороиди, нанесувајте ја маста 10 дена 3-4 пати на ден на чиста и сува периаанална регија. За
ректална примена ставете го апликаторот на тубата, и потоа ставете го апликаторот во
ректумот и притиснете ја тубата така да маста ја распоредитерамномерно на болното место.
По употреба апликаторот одма отстранете го од тубата и затворете ја тубата со капачето.
Апликаторот темелно да се исчисти со вода и детергент и затворете го со посебниот поклопец. 

APIHERBAL

APIHERBAL