Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата 50ml
- Шифра: 1001708
- Производител: APIHERBAL
Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата 50ml.
СОСТАВ: мед, пчелен восок (Cera alba); глицерол. маслени екстракти од растителни видови:
надземен дел од русомача (Capsella bursa-pastoris L.), лист од коприва (Urtica diodica L.), кора од храст
(Quercus robur L.), лист од жалфија (Sativa officinalis L.), надземен дел од столисник (Achillea millefolium L.),
лист и стебло од врхута (Alchemilla vulgaris L.), цвет од невен (Calendula officinalis L.), цвет од камилица
(Matricaria chamolilla L.), лист од широколистен трпут (Plantago major L.), лист од маслинка (Olea europaea L.),
етерично масло од австралиски чаеви (Melaleuca altenifiolia), темјан (Timus vulgaris ct. thymol) и оригано
(Origanum vulgare).
ИНДИКАЦИИ: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата е индицирана при:
Несакано истекување на урина при напор или вежбање, или кивање и кашлање,
Несакано губење на урина на која претходи нагла и голема желба за испуштање на урина,
Несакано истекување на урина поврзано со симптоми на ургенција, како и истекување
на урина при напор или вежбање, или кашлање и кивање,
ноктурија
ретенција на урина,
вагинален исцедок,
сувост на вагината,
диспареунија,
непријатен вагинален мирис,
иритација, печење, свраб, едем во регијата на вагината и матката.
НАМЕНА: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата наменета е за ублажување
на симптомите на стресна, ургентна мешана инконтиненција кај жени постари од 18 години, посебно за
жени во менопауза/постменопауза, карактеризирани со несакано истекување на урина при напор или
вежбање, или кивање или кашлање, несакано губење на урина на која претходи нагла и голема желба за
испуштање на урина, нескано истекување на урина поврзано со симптоми на ургенција, како и истекување
на урина во тек на напор или вежбање, или кивање или кашлање, ноктурија, ретенција на урина. Ова
медицинско средство исто така е наменето за ублажување на симптоми на вулво-вагинални проблеми
причинети со покачување на pH на вагината, карактеризирани со исцедок, сувост на вагината, диспареунија,
непријатен вагинален мирис, иритација, печење, свраб, и едем во вулво-вагиналната регија.
ДЕЈСТВО: Bioapigyn маст за тонус на мускулите на карлицата ги убважува симптомите на инконтиненција по
пат на физичко-механички пат со контракции и со релаксација на мазните мускули на дното на карлицата
поради присуство на состојки кои потикнуваат контракција/релаксација и делуваат адстригентно, што
резултира со затегнување и зацврстување на мазните мускули на дното на карлицата и постепено се
доведува до ублажување на симптомите на инконтиненција, посебно кај жени во
менопауза/постменопауза. Поради физичките параметри како што се ниска pH, висока осмоларност, висока
вискозност и масност, емолијентно својство и ниска активност на вода, Bioapigyn маст за тонус на мускулите
на карлицата резултира со ублажување на симптомите на вулво-вагиналните проблеми како што се:
создавање на неповолни услови за раст, адхезија и репликација на патогените
создавање на заштитен слој на вагиналната слузница, овозможувајќи нејзино
заздравување и спречување на понатамошна иритација.
ублажување на вагинална сувост, поради присутност на хумектанти (глицерин и мед)
превенција на болка во текот на однос поради лубрикантното дејство и создавање на
заштитен слој.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: Со апликаторот внесете 2,5 мл. маст што подлабоко во вагината,
најдобро навечер пред спиење. Употребувајте континуирано 30 дена. Потоа по потреба користете 2-3 пати
неделно следните 8 недели. По секоја употреба на апликаторот одвоите го од маста и исчистете со топла
вода и детергент. Исто така нанесете ја маста со чисти прсти во тенок слој на надворешните делови на
гениталиите.