Red Yeast Rice таблети, таблети од ферментиран црвен ориз, 90 таблети
- Шифра: 0014385
- Производител: HealthAid
Red Yeast Rice – ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА НИВОАТА НА ХОЛЕСТЕРОЛ!
Red Yeast Rice таблетите се екстракт од ориз кој е ферментиран со тип на квасец познат како ‘Monascus purpureus“. Популарен е во Азиските земји и се користи со векови во кинеската медицина за да се зајакне слезената, да се подобри дигестијата и циркулацијата.
Таблетите црвен ориз се користат и како природна алтернатива за регулација на нивоата на холестерол. Црвениот ориз содржи неколку активни компоненти кои помагаат во контролата на холестеролот. Активните компоненти се наречени монаколини, најважниот монаколин К, природни инхибитори на HMG-CoA reductase. Ова всушност значи дека овие активни компоненти вршат инхибиција на главниот ензим во синтезата на холестерол во хепарот.
Монаколин К или познат и како ловастатин, функционира на тој начин што го блокира разложувањето на холестеролот во липопротеини со ниска густина односно LDL или лош холестерол и триглицериди.
Црвениот ориз содржи и природни стероли, кои ја блокираат ресорпцијата на холестеролот во цревата, изофлавони и незаситени масни киселини. Таблетите од црвен ориз содржат 10мг од монаколин К. Преку овој начин на дејство црвениот ориз делува и првентивно на кардиоваскуларните заболувања, односно спречува создавање на атеросклеротични плаки.
Употреба:
Возрасни две таблети на ден, може да се зголеми и на три таблети.