MAXI Gynkgobil 80 Forte капсули, 60 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




MAXI Gynkgobil 80 Forte капсули, 60 капсули


  • Шифра: 1000930
  • Производител: PHARMANOVA
450 ден.

MAXI Gynkgobil 80 Forte капсули, 60 капсули.

Состав:

Екстрактот од листот на билката Ginkgo biloba содржи бројни активни соединенија (флавоноидни хетерозиди, гинколиди и билобаиди) кои ја подобруваат флуидноста на крвта и микроциркулацијата. Со тоа се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи до мозокот што е од посебна важност кај постарите лица кај кои е намален капацитетот за нивно искористување. Поради тоа овој екстракт има изразито поволен ефект на процесот на памтење и способноста за концентрација. Активните состојки на екстрактот од гинкго ја стимулираат циркулацијата, се препорачуваат кај пореметувањата со периферната циркулација следени со чувство на студ во ектремитетите, болки и грчеви во нозете – посебно во текот на чекорењето. Екстрактот од гинкго има антиисхемично, антиедематозно, антиагрегациско, антиоксидативно и антиинфламаторно својство, па оттука овој екстракт има изразен невро и кардиопротективен ефект.

Дејство

Подобрува микроциркулација (ладни раце и нозе)
• Подобрува памтење, внимание и концентрација
• Намалува ризик од настанување на мозочен удар и инфаркт на миокардот
Гинкгобил се препорачува кај:

Кај ослабен ментален капацитет, намалена концентрација и внимание, намалено памтење особено кај луѓето во постара доба
Кај зголемени интелектуални напрегнувања
Во превенција на мозочен удар и срцев инфаркт
кај слаба циркулација во нозете, интермитентна клаудикација
кај вртоглавици и зуење во ушите од васкуларно потекло
кај слаб вид како резултат на пореметување во микроциркулација на окото
како ефикасен природен антиоксиданс



Употреба:

Возрасни 2 пати на ден по 1 капсула во тек на јадење. Се препорачува континуирана употреба од најмалку 3 месеци.