Масло од семки од грејпфрут 10ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Масло од семки од грејпфрут 10ml


  • Шифра: 0014216
  • Производител: Herba Natura
1.189 ден.

Масло од семки од грејпфрут 10ml.

Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антибиотик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (преку 900 познати видови на вирусни, бактериски, паразитни и габични инфекции), вклучувајќи: Shigella,  Staphylococcus,  Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia,  Haemophilus Influenzae,  Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans,  Escherichia Coli,  Salmonella, Klebsiella, Proteus,  Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis ,  Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila,  Helicobacter Pylori,  Herpes Simplex 1, Influenza A2.
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековот здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција  од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како корисна состојка за човековото здравје.


Дозирање и начин на употреба

Маслото од семки од грејпфрут е безбедно за користење кај деца со наполнета една година старост и возрасни. Задолжително се користи разредено во течност.

Дозирање за јакнење и одржување на имунитет:

– Кај деца од една до две години, два пати на ден по две капки, растворени во 40 до 60ml. течност.
– Кај деца од две до седум години, два пати на ден по три капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца од седум до дванаесет години, еднаш дневно по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, два пати на ден по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.

Дозирање за третирање на одредени инфекции (освен кандида кај возрасни, за кое има посебна терапија):

– Кај деца од една до две години, три пати на ден по три капки, растворени во 50 до 100ml. течност.
– Кај деца од две до седум години, три пати на ден по четири капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца од седум до дванаесет години, три пати на ден по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, три пати на ден по осум капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.

Маслото од семки од грејпфрут може да се користи по потреба и без ограничување на периодот на користење. Најдобри резултати се добиваат при негово континуирано користење.

Напомена:

Herba Natura

Herba Natura