Tabex 1.5mg таблети, 100 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Tabex 1.5mg таблети, 100 таблети


  • Шифра: 0007431
  • Производител: Hemofarm
795 ден.

Tabex 1.5mg таблети, 100 таблети.

Состав: активна супстанција: cytisine. Една таблета содржи 1.5 мг cytisine.

Tabex Филм-обложени таблети содржат активна супстанција цитизин, која има ефект врз организмот на пушачите сличен на оној на никотинот. Употребата на Tabex доведува до постепено прекинување на пушењето без да има непријатни ефекти и непријатности асоцирани со прекинување на пушењето.

Tabex се користи само кај пушачи и никотин - зависни лица (хроничен табацизам), кои имаат сериозни намери да прекинат со пушењето.


Употреба: секогаш земајте го овој лек точно онака како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт. Ако не сте сигурни, проверете со Вашиот лекар или фармацевт. Таблетите се земаат преку уста со доволна количина на течност.

Третманот се спроведува според следната шема:

1 до 3 ден – една таблета на секои 2 часа (6 таблети на ден). Постепено намалување на испушените цигари се очекува во текот на овие денови. Ако не се добие задоволителен ефект, третманот треба да се прекине и после 2-3 месеци може повторно да се започне. Во случај на добар ефект, третаманот треба да се продолжи според следната шема:

4ти – 12ти ден: 1 таблета на секои 2.5 часа (5 таблети на ден)
13ти – 16ти ден: 1 таблета на секои 3 часа (4 таблети на ден)
17ти – 20ти ден: 1 таблета на секои 5 часа (3 таблети на ден)
21ви– 25ти ден: 1 таблета на ден
До целосно прекинување со пушењето би требало да дојде околу петиот ден од започнувањето на третманот. По завршувањето на терапискиот циклус, пациентот треба да пројави воља и да не дозволи да испуши ниту една цигара.