Oestrofact Silver Protect пена 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Oestrofact Silver Protect пена 50ml


  • Шифра: 1000906
  • Производител: PHARMANOVA
430 ден.

Oestrofact Silver Protect пена 50ml.

Oestrofact SIlver protect претставува пена која формира заштитна бариера на надворешната генитална регија и на тој начин ги изолира и ги штити ткивата од надворешни штетни агенси. Како главни состојки содржи натриум-хијалуронат и екстракт на црн слез (Malva silvestris extract) и помошна супстанција TIAB комплекс (микрокристален титаниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро).

TIAB комплекс ја зголемува отпорноста на заштитниот филм, што ги формираат натриум-хијалуронат и екстракт на црн слез, од напади на микробите и со тоа го зголемува ефектот на бариерата.

Состав : вода, каприлни/капрински триглицериди, глицерин од растително потекло, гликолен екстракт на црн слез, TIAB комплекс (микрокристален титаниум диоксид) со ковалентно поврзани јони на сребро, бензалкониум-хлорид, PVP K30, натриум хијалуронат, ментол лактат, млечна киселина.

Основно делување на пената е создавање одбранбена бариера како помош во третман на бактериски, габични и вирусни инфекции.


Употреба:

Пред употреба добро протресете. Нанесете тенок слој од пената на зафатеното подрачје. Втријте ја пената додека не се исуши. Пената може да се нанесува еднаш или повеќе пати во денот.