NATURA THERAPY ALLERGO PROTECT 250ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NATURA THERAPY ALLERGO PROTECT 250ml


  • Шифра: 1000851
  • Производител: NATURA THERAPY
295 ден.

NATURA THERAPY ALLERGO PROTECT 250ml .

  АЛЕРГО ПРОТЕКТ – хербален препарат со уникатни растителни екстракти и витамини за превенција, контрола и смирување на алергиските реакции. Комбинацијата на растителни екстракти од див ѓумбир, црн кардамон, кинеска туја, коприва, алое вера, со бромелаин и витамин Д во АЛЕРГО ПРОТЕКТ помага ефикасно да се спречи појавата на алергиски реакции и успешно ги смирува несаканите симптоми како што се: течење на носот, солзење на очите, јадеж во носот, кашлање, кивање, појава на оток или иритации на кожата .

АЛЕРГО ПРОТЕКТ е составен од растителни екстракти за коишто научно е докажана нивната ефикасност во справувањето со алергиите и денес се препорачуваат од страна на голем број експерти (доктори). АЛЕРГО ПРОТЕКТ, може да се користи превентивно и при појава на алергиска реакција, а погоден е за употреба и кај децатa.

Пулмолозите предупредуваат дека: Во последната деценија се поголем број лица се жалат на многубројни реакции, вклучувајки и развој на астма како последица на алергиите. Третманот кој вклучува антихистаминици и кортикостероиди има голем број несакани дејства. Затоа оправдана и препорачана е примената и на хербални препарати кои може да помогнат во справувањето со алергиите.

Растителните екстракти во АЛЕРГО ПРОТЕКТ заедно со витаминот Д како основен имуномодулатор, помагаат на природен и безбеден начин да се смират алергиските реакции и да се спречи нивната појава. Со редовното земање на АЛЕРГО ПРОТЕКТ пред почетокот и во текот на целата сезона

на алергии може успешно да се превенираат и добро да се менаџираат сите видови алергии.

Уште поголем ефект се постигнува со комбинирање на АЛЕРГО ПРОТЕКТ со кварцетин, добро познат препарат кој успешно се применува во третманот на алергиите.

Постојат растителни екстракти како што се екстрактот од див ѓумбир, црн кардамон, Кинеска туја, екстрактот од коприва и алое вера кои во научни истражувања имаат потврдено способност да го смират имунитетот, односно да придонесат во стабилизирање на метаболизмот на хистамин со што помагаат во спречување или намалување на тегобите при алергиските реакции. Затоа комбинацијата на овие растителни екстракти, со ензимот бромелаин и витаминот Д во АЛЕРГО ПРОТЕКТ ја прави употребата на овој производ одличен, ефикасен и природен, начин да се превенираат или да се смират алергиите.

На почетокот на сезоната со алергии земете АЛЕРГО ПРОТЕКТ и успешно заштитете се од алергиите и нивните несакани симптоми.


Употреба:

За лица над 15 години 2 пати по 15ml  или 3 пати по 10ml.