Chlorhexil 0.20% Gingival Gel 30ml
- Шифра: 0000765
- Производител: InterMed
Chlorhexil 0.20% Gingival Gel 30ml.
Антимикробна и антиинфламаторна заштита.
Најефикасно го намалува воспалението на непцата.
Chlorhexil 0,20% gingival gel (0,20% chlorhexidine) е антисептик во вид на гел кој дава долготраен третман за локализирани лезии на усната шуплина. Го намалува воспалението и иритацијaта на непцата, гингивитис и парадонтоза.
Индикации:
-Воспаление на непцата (гингивитис, парадонтоза)
-Крвави непца
-Уништување на дентален плак
-Затворање на раните на непцата (парадонтални џепови)
Активни супстанци:
Chlorhexidine 0,20% – Антибактериско и антисептично дејство – го уништува денталниот плак
Екстракт од камилица – антиинфламаторно дејство – го намалува воспалението.
α-bisabolol – регенеративно дејство – побрзо ги затвора раните на непцата.
Употреба: 2-3 пати на ден во рок од 15 дена се нанесува директно со специјалниот врв на тубата или со мека четка.