PILFUD 2 % спреј 60ml
- Шифра: 0007078
- Производител: Bosnalijek
PILFUD 2 % спреј 60ml.
PILFUD 2% спреј за кожа, раствор кој припаѓа на групата на лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата). Лекот се употребува за третман на андрогена алопеција кај мажи и жени на возраст од 18-65 години, затоа што тој го превенира понатамошното губење на коса и го помага повторниот раст на косата.
Производот содржи миноксидил, за кој се смета дека го подобрува дотокот на крв до клетките од кои растат влакната.
PILFUD 2% растворот најдобро делува кај мажи на кои им опаѓа косата од скалпот. Почетокот на ефектот и степенот на раст на косата може да варираат помеѓу корисниците. Обично на третманот со Пилфуд 2% растворот подобро реагираат помладите пациенти, оние кои пократок временски период имаат проблеми со опаѓање на косата и оние кај кои е зафатена помала површина на главата. Терапијата со лекот Пилфуд 2% веројатно нема да ви помогне ако повеќе години сте без коса или ако со опаѓање на косата е зафатена поголема површина на главата.
Наследниот губиток на коса може да се препознае по:
Начинот на опаѓање на косата
Почетокот е постепен а потоа состојбата напредува
Постои фамилијарна историја на ќелавост
Нема други симптоми кои би можеле да се поврзат со опаѓањето на косата.
Пилфуд лосионот се употребува наутро и навечер на суви места. Се нанесува по 1 мл и се трие од средината кон краевите на кожата. Откако ќе се постигне саканиот ефект дозата се намалува на доза за одржување: 1 мл 1-2 пати неделно.
Немојте да го употребувате пилфуд:
-Ако сте алергични на активната супстанција или било која од помошните состојки
-Ако имате заболувања на кожата на главата вклучувајки псоријаза или опекотини од сонце
-Ако имате феохромоцитом
-Ако имате висок крвен притисок без разлика дали примате лекови за негово лекување
-Ако истовремено примате некој друг лек за локална примена на површината на скалпот
-Посебно информирајте го вашиот доктор ако истовремено земате некој од следните лекови:
-Лекови кои се нанесуваат на кожата, а содржат кортикостероиди, третиноин, дитранол или вазелин бидејќи тие може да ја зголемат ресорпцијата на миноксидил.
-Гванетидин
Не се препорачува примена на пилфуд лосион за време на бременост или доење иако нема докази за несакани ефекти предизвикани со миноксидил за време на бременост.