Dr. Viton Striox крема за стрии 125ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Dr. Viton Striox крема за стрии 125ml


  • Шифра: 1000677
  • Производител: Dr.Viton
865 ден.

Dr. Viton Striox крема за стрии 125ml.

Женското тело e дизајнирано да поднесе многу промени – пуберт, варијации во телесната тежина, бременост.

Сите овие промени резултираат со стрии на површината на кожата поттикнати од нејзиното претерано истегнување.

Стриите се најголем доказ за величенственоста на женското тело, но од естетски аспект ниту една жена не ги посакува.

Затоа го создадовме Dr. Viton Striox, за да можете сите промени да ги поминете достоинствено.

Dr. Viton – Striox претставува револуционерна крема против стрии базирана на Striover® – патентирана формула која обезбедува видливи резултати за 28 дена.

Striox е единствената крема на пазарот која:

Обезбедува 3D реконструкција на новите (црвени) и старите (бели) стрии,
Ги реактивира дермалните фибробласти,
Ја зголемува синтезата на колаген,
Ја подобрува епидермалната густина,
Ја реконструира, пополнува и ја израмнува секоја стрија со површината на кожата.
Благодарение на патентираната формула Striover® во составот на кремата, Dr. Viton – Striox:

Гарантира 22% заздравување на епидермисот
Се апсорбира брзо и не остава флеки по облеката
Соодветна е за сите типови кожа
Ја намалува сензацијата на чешање поттикната од оптегнување на кожата
Производот е дополнително збогатен со 5 моќни активни состојки: готу кола, кокосово масло, шеа путер, растително масло, какао путер. 

Совршена за употреба во текот на бременоста!

Кога еластичноста на кожата е ставена на тест како во бременост, епидермисот попушта и се кине, а на површината на кожата се јавуваат стрии.

Кремата е погодна за секојдневна употреба, бидејќи ја одржува хидратацијата и еластичноста на кожата и на тој начин спречува создавање на нови стрии, особено:

-во текот на бременоста,
-во пубертет или
-при варијација на тежината.


Начин на употреба:

Се нанесува два пати дневно со лесно масирање додека не се апсорбира целосно.

Dr.Viton

Dr.Viton