NAN OPTIPRO 2 последователна формула за доенчиња од 6 месеци 400g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NAN OPTIPRO 2 последователна формула за доенчиња од 6 месеци 400g


  • Шифра: 0002412
705 ден.

NAN OPTIPRO 2 последователна формула за доенчиња од 6 месеци 400g.

Nan Optipro 2 формула за доенчиња од навршени 6 месеци

Производот е погоден за посебна нутритивна потреба на доенчињата од нивното раѓање кога не се дојат или се дохрануваат Содржи оптимизирани протеини во зависност од возраста, како во квантитативен, така и во квалитативен поглед 2'-FL е олигосахарид, структурно идентичен со најприсутниот во мајчиното млеко. Содржи DHA во согласност со делегираната уредба на Европската комисија (ЕУ) 2016/127.

Само лактоза - лактозата е единствениот присутен јаглехидрат во Nan Optipro 2. Витамин Д - придонесува за нормална функција на имуниот систем кај децата. Калциумот придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата.

Состав: обезмастено млеко, лактоза, растителни масла (сончогледово масло богато со олеинска киселина, масло од репка со ниска содржина на ерука киселина, сончогледово масло), деминерализирани белковини од сурутка, деминерализирани пармеат од сурутка, олигосахариди (галакто-олигосахариди, фрукто-олигосахариди), минерали (калциум-цитрат, калиум-цитрат, калиум хидроксид, магнезиум-хлорид, калиум хлорид, натриум-фосфат, натриум-хлорид, калциум-хидроксид, железо-сулфат, цинк-сулфат, бакар-сулфат, манган-сулфат, калиум-јодид, натриум-селенат). 

- Емулгатор: соја лецитин, рибино масло, холин битартарат, амино киселини (L-фенилаланин, L-хистидин)

- Регулатор на киселост: лимонска киселина, витамини {Ц (натриум-L-аскорбат), Е (DL-алфа токоферил ацетат), ниацин (никотинамид), пантотенска киселина (калциум D-пантотенат), B1 (тиамин мононитрат), А (ретинил ацетат), B2 (рибофлавин), B6 (пиридоксин хидрохлорид), фолат (фолна киселина), К (филохинон), D (холекалциферол), D-биотин, B12 (цијанокобаламин)}

-Lactobacillus reuteri** култура, таурин, инозитол, нуклеотиди {цистидин 5-монофосфат (CMP), уридин 5-монофосфат (UMP), аденозин 5-монофосфат (AMP), гуанозин 5-монофосфат (GMP)}, L-карнитин

Lactobacillus reuteri** култура DSM17938 по лиценца од Biogaia AB.



Начин на подготовка на млечната формула:

-Измијте ги добро рацете пред да почнете со подготовка

-Измијте ги сите делови на шишето додека не исчезнат трагите од млеко

-Варете ја водата за пиење и оставете да се излади додека не стане млака (40°C)

-Прво ставете точно количество на вода во шишето. Потоа додате точно назначен број на рамни мерилки кој одговара на возраста на бебето, -користете ја само мерилката од внатрешноста на кутијата

-Бидете сигурни дека мерилката е сува и вратете ја во кутијата. Добро затворете ја кутијата по секоја употреба и чувајте ја на ладно и суво место

-Затворете го и добро протресете го шишето додека не се раствори целосно млекото во прав