SYSTANE® ULTRA БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ КАПКИ ЗА ОЧИ 10мл :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




SYSTANE® ULTRA БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ КАПКИ ЗА ОЧИ 10мл


  • Шифра: 1000633
  • Баркод: 300651507348
  • Производител: Alcon

Systane® ULTRA БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ Капки за очи

720 ден.

Systane ULTRA лубрикантни капки за очи 10ml.

За олеснување со БРЗО ДЕЈСТВО за суви очи поради условите на околината.


СОСТАВ

Стерилен раствор без конзерванси кој содржи полиетилен гликол 400, пропилен гликол, хидроксипропил гуар, сорбитол, аминометилпропанол, борна киселина, калиум хлорид и натриум хлорид и прочистена вода. Може да содржи хлороводородна киселина и/или натриум хидроксид за прилагодување на pH вредноста.

ИНДИКАЦИИ

Индицирани за лубрикација на површината на очите  и навлажнување на силиконски, хидрогелни и меки (хидрофилни) контактни леќи.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТАТ

SYSTANE ULTRA лубрикантните капки за очи се наменети за примена кај возрасни пациенти (18 години и постари) кои имаат симптоми на суво око, вклучувајки и пациенти кои употребуваат контактни леќи.

SYSTANE ULTRA лубрикантните капки за очи се наменети за минливо олеснување на чувството на пецкање и иритација предизвикани од суво око.


КЛИНИЧКА ПРИМЕНА

• Обезбедуваат заштита на површината на очите.
• Обезбедуваат олеснување на симптомите на суво око и ги подобруваат визуелните перформанси.
• Овозможуваат привремено олеснување на чувството на суво око поврзано со носење на контактни леќи.
• Обезбедуваат влажност на контактните леќи.


ДЕЈСТВО

Врз основа на собрани докази при клиничките испитувања, објавени клинички литератури и искуства на пазарот (пост-маркетингшко следење), SYSTANE ULTRA Лубрикантните капки за очи се наменети за привремено олеснување на пецкање и иритација  кај лица кои имаат симптоми на суво око.


Не дозволувајте симптомите на суви очи предизвикани од фактори на животната средина како што се времето поминато пред екран, квалитетот на воздухот и/или сезонските проблеми (т.е. ниска влажност, силен ветер, прашина) да ве спречат. Со Systane® ULTRA капки за навлажнување очи без конзерванси, ќе добиете олеснување со брзо дејство кога ви е најпотребно.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 

  • Може да се користи по потреба во текот на денот
  • По потреба ставете 1 или 2 капки во заболеното око и трепкајте
  • Може да се користи со контактни леќи**
Alcon

Alcon