ARBOREAL Collagen Wild Marine морски колаген 250g
- Шифра: 1000664
- Производител: ARBOREAL
ARBOREAL Collagen морски колаген 250g.
Peptan морски колаген може да биде особено корисeн за борба против брчките, борба против целулитот, подобрување/ поддршка на еластичноста и зголемување на нивото на влажност во кожата.
Mоже да доведе до зголемен раст на косата и ноктите и истовремено да ја намали нивната кршливост.
Може да го подобри квалитетот на сонот. Аминокиселината глицин, која се наоѓа во морскиот колаген, е поврзана со позитивно влијание врз квалитетот на сонот.Исто така, се смета дека глицинот помага во одржувањето на нашата основна телесна температура, што може да помогне за подобар ноќен сон.
Обезбедува поддршка при вежбањe: колагенот во суштина е концентриран извор на глицин, кој му помага на телото да произведува креатин и може да помогне во поддршката на мускулната маса и вежбањето. Исто така, морскиот колаген содржи пролин, кој делува како антиоксиданс и помага да се намали болката во мускулите предизвикана од вежбање.
Здравје на цревната флора. Морскиот колаген е добар за цревната флора бидејќи лесно се вари. Уште повеќе, неговиот аминокиселински состав, кој вклучува глицин и глутамин, може да го поддржи ткивото што го обложува дигестивниот тракт. Глицинот помага при воспаление, а глутаминот е неопходен за здравјето на ентероцитите, или епителните клетки, кои го обложуваат гастроинтестиналниот тракт.
Здравје на коските. Морскиот колаген му овозможува на телото да апсорбира калциум, фосфор и други минерали. Ова се должи на неговата тесна поврзаност со остеобластите, клетките во нашите коски кои вршат синтеза и минерализација на коските. Остеобластите лачат колаген, создавајќи неминерализиран дел од коската наречена остеоид.
Ефикасна апсорпција. Бидејќи морскиот колаген содржи само колаген од тип 1, има податоци кои укажуваат дека дека тoj се апсорбира во вашиот крвоток побрзо од производите што содржат истовремено колаген од типот 1 и 3.
Одржлив извор на колаген. Морскиот колаген потекнува од рибен отпад кој доколку не би се користел како суровина за добивање морски колаген, би бил отфрлен како нуспроизвод на рибарската индустрија. Ова го прави морскиот колаген најодржлив, еколошки извор на колаген. Риболовните практики зад овој производ се правилно управувани и одржливи. Одржливиот риболов значи дека популацијата на рибите во океаните се одржува на здраво и продуктивно ниво, влијанието на риболовот во животната средина е минимизирано, околните екосистеми се почитуваат и луѓето кои зависат од риболовот можат да ја одржат својата егзистенција.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
Peptan® морски колаген тип 1 е лесен за употреба и е совршен за оние што сакаат едноставен и иновативен начин на консумација, кој е приспособен на Вашиот секојдневен начин на живот.
Може да се употребува во кој било дел од денот, пред, со или после јадење.
Една супена лажица (8гр) на ден се меша во било каков пијалок, вода, чај, кафе, смути. Се препорачува да се конзумира минимум три месеци.
Peptan® морски колаген тип 1 може лесно да се вклопи во секакви рецепти што ви се допаѓаат. Без разлика дали се додава во супа, топло чоколадо или во домашна торта, ќе уживате во истите придобивки за Вашето здравје.