OMNIKUM ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




OMNIKUM ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ


  • Шифра: 1000578
  • Производител: OMNIKUM
1.085 ден.

OMNIKUM ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ.

Промотивниот пакет содржи:

1. Omnikum Magnesium 400mg+Vitamin B6+L-Tryptophan капсули, 60 капсули X 2

Omnikum Magnesium 400mg+Vitamin B6+L-Tryptophan капсули, 60 капсули.

Секоја капсула Omnikum Magnesium 400 содржи 400mg елементарен магнезиум, L-триптофан 25mg и Витамин B6 1.4mg.Учествува во релаксација на затегнатите мускули на телото, ja зголемува нивната еластичност, а исто така учествува во градба на коските.

L-Триптофан е аминокиселина која е природен прекурсор на серотонин, кој пак помага во одржување на позитивно расположение и  одржување на добри когнитивни функции.

Витамин B6 има повеќе улоги. Тој придонесува за нормално функционирање на нервниот и имуниот систем како и за нормална физиолошка функција. Вклучен е во процесите на синтеза на цистеин и во метаболизмот на протеини и гликоген. Учествува и во формирање на црвени крвни клетки.

Состав: Магнезиум 400mg ( Магнезиум оксид 630mg, Магнезиум цитрат 64,5mg, аминокиселина како врзувачки хелат 50mg), L-Триптофан 25mg, Витамин B6 1,4mg.

Една капсула ослободува 400mg чист Магнезиум, кои се на располагање за апсорпција.

1 капсула на ден со чаша вода.

2. Omnikum Zinc &Se  таблети, 45 таблети.

Покрај Цинк и Селен, оваа Omnikum формула е надоградена со витамин А, B6, C, Е. Во едно пакување има 45 таблети, доволни за 1 месец и 15 дена. Треба да се чуваат на температура од 25°С, заштитени од светлина и на позиција недостапна за деца.

Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданси кои придонесуваат во одржување на здрав организам. Селен и Цинк се важни минерали кои го зајакнуваат целиот организам.

Фармацевтска форма: таблети

Состав: Селен 195mcg, Витамин А (ретинилпалмитат) 801mcg, Витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид) 2,09 mg, Витамин C (аскорбинска киселина) 91,08 mg, Витамин Е (D-алфа токоферолацетат) 10,07 mg, Цинк (од 123mg цинк глуконат) 15,13 mg.