Synergy Vitamin C 500mg таблети, 60 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Synergy Vitamin C 500mg таблети, 60 таблети


  • Шифра: 0018015
  • Производител: SYNERGY
440 ден.

Synergy Vitamin C 500mg таблети, 60 таблети.

Витамин Ц (Аскорбинска киселина) е хидросолубилен есенцијален витамин. Во организмот аскорбинската киселина се оксидира во дехидроаскорбинска киселина. Овие две форми се важни за оксидо-редуктивните процеси во организмот.

Витамин Ц учествува во синтезата на колагенот од коските, забите, кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови. Тој е вклучен во многу важни процеси во организмот: синтеза на тирозинот, ковнерзија на фолна во хидроксифолна киселина, во метаболизам на јаглени хидрати, синтеза на липиди и протеини, метаболизмот ма железото, ја зголемува отпорноста кон инфекции и учествува во клеточната респирација.

Витамин Ц ги редуцира простетичните метални јони од многу ензими и има антиоксидативна функција преку неутрализирање на слободните радикали.

Synergy Vitamin C:

Содржи препорачана дневна доза на витамин Ц
Со технологија на постепено ослободување на витамин Ц од таблетата е овозможена максимална искористливост на активната компонента
Таблетата е збогатена со природен витамин Ц

Употреба: една до две таблети дневно.