Dextrolyte PLUS ќесички, 10 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Dextrolyte PLUS ќесички, 10 ќесички


  • Шифра: 0020047
  • Производител: InterMed
295 ден.

Dextrolyte PLUS ќесички, 10 ќесички.

Dextrolyte PLUS® е додаток на исхраната наменет за надоместување на електролити. Растворен во вода, помага при хидратација на телото и враќање на електролитната рамнотежа.

Dextrolyte PLUS® се состои од кесички за една доза со чија содржина, кога ќе се раствори во вода, се добива раствор на електролити и декстроза со одличен вкус на цреша. 

 Електролитите се неопходни за нормално функционирање на нервниот систем и мускулите, одржување на ацидо-базниот (pH) баланс, како и хомеостазата во организмот воопшто.

 Електролитниот дизбаланс особено се случува во тек на летниот период поради недоволно пиење течности, дехидрирање од прекумерната топлина (преку потење), при долга и напорна физичка активност или вежбање, употреба на некои лекови (на пример диуретици или лаксативи), со повраќање или дијареа. Затоа, често слушаме од лекарите и фармацевтите дека треба да се надоместат изгубените течности.