BELMIRAN DAN таблети, 20 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




BELMIRAN DAN таблети, 20 таблети


  • Шифра: 0011502
  • Производител: Belupo
240 ден.

BELMIRAN DAN таблети, 20 таблети.

Белмиран дан е хербален производ за ублажување на нерасположение, психичка напнатост и пренадразливост.

Состав:
Една филм-обложена таблета содржи: 350 мг сув екстракт од зелена пасифлора (Passiflorae incarnatae herbae extractum siccum).
Помошни супстанции: 
Таблетно јадро: целулоза-микрокристална, повидон, кармелозанатриум - вмрежена, силициум диоксид -колоиден (безводен), магнезиум стеарат. 
Филм обвивка: талк, макрогол 6000, титаниум диоксид (E171), хипромелоза, полиакрилат 30 процентна дисперзија, боја E172. 

Флавоноидите, главната активна компонента на екстрактот од пасифлора, се одговорни за смирувачкиот и релаксирачки ефект.

Концентрацијата на активната компонента е прилагодена за постигнување на благо смирувачко или хармонизирано дејство врз психата која не предизвикува поспаност во текот на денот. 

Белмиран дан може да се применува: 

Кога ќе осетите психичка напнатост и вознемиреност во текот на денот 
Кога имате чувство на загриженост и вознемиреност 
Кога сте изложени на стрес
Како резултат на голем интелектуален напор и брзо темпо на живот
Чувствувате раздразливост


Дозирање и начин на употреба:

Возрасни лица постари од 18 години: земете една таблета Белмиран дан 2-3 пати дневно со многу течности. 
Таблетите земете ги по потреба. 
Препорачаната дневна доза не треба да биде надмината.
Лица под 18 години не смеат да земаат Белмиран дан.

Belupo

Belupo