Д-р Митов ГИНКО ЖЕНШЕН капсули, 60 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Д-р Митов ГИНКО ЖЕНШЕН капсули, 60 капсули


  • Шифра: 1000433
  • Производител: Dr,MITOV
849 ден.

Д-р Митов ГИНКО ЖЕНШЕН капсули, 60 капсули.

Состав: СУВ ЕКСТРАКТ ОД ЖЕНШЕН (Panax ginseng), бели желатински капсули, прав од Гинко (Ginkgo biloba), сув екстракт од Гинко (Ginkgo biloba), микрокристална целулоза (Е460), магнезиум стеарат (Е470b)

Гинко билобата дефинитивно се вбројува во најстарите живи билки на планетата Земја. Се смета дека ова дрвно растение е старо милиони години. Води потекло од Кина, а ова екстремно отпорно растение, по мезозоикот, повторно пристигнува во Европа во 18-тиот век. Со векови се користи во традиционалната медицина како природен лек за повеќе различни состојби, како астма, болести на бронхиите и белите дробови.. Главната научно поткрепена употреба во денешницата му е за подобрување на периферната и мозочната циркулација.

Подобрувајќи ја мозочната циркулација, односно снабдувањето на мозокот со кислород, гинкото директно влијае на подобрување на функцијата на мозокот и кај здравите лица.

Женшенот пак, претставува една од најпознатите медицински билки ширум светот. Терминот ,,женшен” всушност реферира на неколку видови растенија од семејството Панакс. Станува збор за билки што растат во пределите на Америка и Азија и имаат ароматични, туберозни корени.

Повеќе од 2 милениуми нивниот корен бил силно ценет од традиционалната источна медицина, пред се’ како како третман за стрес и за поголема енергичност. 

Најчесто користениот и најистражуваниот вид на женшен е Азискиот, уште честопати нарекуван и црвен, Корејски или Кинески женшен.

Женшенот е најпознат по својот ефект во однос на хроничниот замор, или константната состојба на намалена енергија зад која нема некаквo здравствено нарушување. 

Комбинацијата женшен + гинко претставува идеален микс за одржување на енергијата, подобрување на менталниот капацитет и подобрување на циркулацијата.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА: една капсула на ден.