Synergy Mega B-Complex таблети, 60 таблети
- Шифра: 0021201
- Производител: SYNERGY
Synergy Mega B-Complex таблети, 60 таблети.
Б-комплекс содржи витамини од Б групата, кои учествуваат во метаболизамот на јагленохидратите, мастите и протеините. Недостатокот на еден од овие витамини или зголемената потреба од истиот предизвикува потреба и од другите витамини од оваа група. Затоа кога ќе се појават знаци на недостаток на било кој витамин од Б групата, треба да се земе целиот Б витамински комплекс.
Витамините Б се потребни во секој дел од организмот како коензими (клучни компоненти на ензимите). Тие се особено важни за одржување на здравјето на нервниoт,имунолошкиот и дигестивниот систем; како и за кожата, косата, очите, црниот дроб и устата. Исто така го помагаат и согорувањето на јаглените хидрати, со што се создава енергија за целиот организам.
Докажано е дека Б комплексот има огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества од Б витамините помагаат при форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење.
Дејство на B-complex mega
Витамин Б1 му помага на организмот во претварањето на јаглени хидрати во енергија и придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и срцето.
Витамин Б2 ги заштитува клетките од оксидативен стрес, ги намалува заморот и исцрпеноста, учествува во одржување на функцијата на нервниот систем, одржување на здрава кожа и нормален вид. Учествува во метаболизмот на железото и во создавањето на црвени крвни клетки.
Ниацинот е поддршка за нервниот систем, кожата слузницата и ги намалува заморот и исцрпеноста.
Од многубројните функции на витаминот Б6 : придонесува за здрав имунолошки и нервен систем, учествува во регулирање на хормонската активност и во создавање на црвени крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста учествувајќи во сите процеси на ослободување на енергија при метаболизам на протеините и јаглените хидрати.
Фолната киселина е потребна за производство и обновување на крвните клетки, важна е за создавање на нуклеински киселини и аминокиселини, а учествува и во забрзаниот раст на ткивата на мајката за време на бременоста.
Витамин Б12 ги поддржува нервниот и имунолошкиот систем, учествува во создавањето на црвени крвни клетки и во процесот на клеточната делба.
Биотинот е важен за нервниот систем, кожата и мукозната мембрана.
Пантотенската киселина учествува во метаболизмот и синтезата на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери.
Б-комплекс се употребува: за превенција и помош при недостаток на витамини од Б групата (хиповитаминоза Б и авитаминоза Б), при зголемена потреба за витамини од Б групата, при нарушена репсорпција на витамини кај нарушувања на дигестивниот систем или болести на црниот дроб, кај хиповитаминоза поради недостаток на тиамин (берибери), невралгија (болка која се јавува поради болен процес блиску до сензитивните нерви), невродерматоза (болест на нервите на кожата), недоволна синтеза на витамините од Б групата во цревата при перорален внес на антибиотици и хемиотерапевтици, зголемена елиминација на овие витамини (зголемена диуреза-мокрење).
Употреба:
Половина или една таблета дневно.