NEURO-VIT таблети, 10 таблети
- Шифра: 0012121
- Производител: ReplekFarm
NEURO-VIT таблети, 10 таблети.
Состав:
- 100 мг тиамин хидрохлорид (Б1)
- 200 мг пиридоксин хидрохлорид (Б6)
- 0,2 мг цијанокобаламин (Б12)
Витамин Б1- важен за метаболизам на јаглехидрати, обезбедува енергија за нормално функционирање на нервите и спроведување на нервни импулси.
Недостаток на Б1 доведува до појава на периферна невропатија, атрофија или мускулна слабост
Витамин Б6 - го регулира метаболизмот на аминокиселини, липиди, сфинголипиди (основни состојки на миелинската обвивка на нервите) и невротрансмитерите (серотонин, адреналин), со што е одговорен за нормално функционирање на нервниот систем
Витамин Б12 - учествува во метаболизмот на нуклеински киселини, липиди, сфинголипиди и миелин. Покрај ова го помага и создавањето на хемоглобин.
Се користи при:
-Тригеминална невралгија
Тригеминалната невралгија се карактеризира со епизоди на интензивна убодна болка во едната половина на лицето, по должина на една од гранките на тригеминалниот нерв.
-Интеркостална невралгија
Интеркостална невралгија е силна болка која се јавува по должина на интеркосталните нерви, најчесто почнува во пределот на грбот и се шири како појас кон предниот ѕид на градниот кош.
-Ишиалгија
Ишиалгија, болка со различен интензитет, која се јавува по должина на ишијадичниот нерв. Може да се јави само во лумбосакралниот дел на ‘рбетот или да се шири се до стапалото.
Употреба:
Препорачана доза е 1 филм-обложена таблета, еднаш на ден. Во одредени случаи дозата може да се зголеми на 1 филм-обложена таблета, трипати на ден.
Деца и адолесценти-Поради високата содржина на активните супстанции, Neuro-Vit филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца под 12 годишна возраст.