Sideral ORO INT. ќесички, 20 ќесички
- Шифра: 0021242
- Производител: JUNIAPHARMA
Sideral ORO INT. ќесички, 20 ќесички.
Додаток во исхраната кој се раствара во уста со сукрозомално железо и витамини - витамин Ц и група на Б витамини, корисен за надополнување на диететските недостатоци или зголемена потреба за наведените состојки.
Sucrosome® е уникатна формулација на железо (III) пирофосфат, опкружено со фосфолипидeн матрикс кој е дополнително стабилизиран со слој од сукроестри на масни киселини.
Оваа формулација овозможува подобра апсорпција и елиминирање на несаканите про-оксидативни својства на железото (гастроинтестиналните тегоби – мачнина, гадење, повраќање, пребојување на заби и слузници). Благодарение на сукрозомот, железото во SiderAL® ORO има различен и посебен начин на апсорпција споредено со другите железни препарати и тоа му овозможува висока биорасположливост и одлична комплијанса.
Во состав на SiderAL® ORO покрај Сукрозомалното железо (Sucrosomial® Iron), влегуваат и Витаминот Ц, фолната киселина и целата група B витамини потребни за нормален раст и развој на децата и адолесцентите.
Железото е корисно за нормално формирање на црвени крвни зрнца и хемоглобин и за нормален когнитивен развој кај децата.
За возрасни, адолесценти и деца над 3 годишна возраст
Употреба:
Препорачано дозирање е една ќесичка дневно да се раствори дирекно во уста.