Hysan care спреј за нега на нос 20ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Hysan care спреј за нега на нос 20ml


  • Шифра: 0021247
  • Производител: UNIFARM-MEDICOM BEOGRAD
695 ден.

Hysan care спреј за нега на нос 20ml.

 Hysan care изотоничен спреј за нега на носот со двоен ефект за освежување и нега на слузокожата

 Стерилен изотоничен раствор за нос во облик на спреј кој содржи природни супстанции: 0,25 mg/ml натриум хијалуронат и 2% декспантенол. Синергистичкото дејство на овие активни супстанции придонесува за оптимално навлажнување, нега и регенерација на носната слузокожа. hysan® care спрејот содржи 20 ml раствор во специјално 3K шишенце кое обезбедува стерилност до 6 месеци по отворањето, без употреба на конзерванси.
 Hysan care спрејот содржи натриумова сол на хијалуронска киселина, која природно се наоѓа во човечкиот организам. Натриум хијалуронатот има способност за себе да врзува големи количини вода и на површината од носната слузокожа да создава стабилен, долготраен филм кој не се испира лесно, т.е. апликацијата на спејот не треба да биде честа. Исто така, натриум хијалуронатот ја потпомага работата на трепките од респираторниот епител и има против-воспалително дејство, така што го олеснува чистењето на носот за време на настинки.

 Hysan care спрејот содржи и декспантенол (витамин Б5), кој има регенеративни својства и му помага на натриум хијалуронатот за навлажнување. Регенерацијата е особено потребна непосредно по оперативните зафати кои ја нарушуваат нормаланата физиолошка функција на носната слузокожа.

 Hysan care спрејот може да се користи и за време и по употребата на назални деконгестиви (средства против затнат нос). Исто така може да се комбинира со кортикостероидни спрејови за нос, а се нанесува 30 минути по нивната примена доколку е потребно да се користи истовремено.

 Hysan care спрејот не содржи конзерванси и може да се користи подолг временски период без несакани ефекти, а исто така може да го користат деца, бремени жени и доилки. Вообичаено е доволно 1-2 прскања 2 пати дневно во секоја ноздра, но по потреба може и почесто.

 Без конзерванси. Може да користи до 6 месеци по отворањето.