ORTHOMOL CARDIO прашок/таблети/капсули, 30 дозирања :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ORTHOMOL CARDIO прашок/таблети/капсули, 30 дозирања


  • Шифра: 0020472
  • Производител: Orthomol pharmazeutische,Germany
3.600 ден.

ORTHOMOL CARDIO ќесички, 30 ќесички.

Orthomol Cardio® е граничен производ за специјална медицинска намена. Orthomol Cardio® е соодветен за диетарен менаџмент на пациенти со болести на кардиоваскуларниот систем, како атеросклероза/ коронарна срцева болест, срцеви аритмии и срцева слабост. Пакување од 30 дневни дози Една кесичка (=дневна доза) содржи 15gr прашок плус 1таблета/3 капсули (3,3g).

Индикации:

Orthomol® Cardio е наменет за сите луѓе кои сакаат да ја надополнат својата исхрана со микронутриенти - да ја одржат нормалната работа на срцето и крвните садовите. Содржи компоненти кои придонесуваат за здраво срце и крвни садови. Благотворниот ефект се добива со дневен внес на 250 мг ЕРА и DHA. Витаминот Б6, витаминот Б12 и фолната киселина, исто така, придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеинот. Рибофлавинот (витамин Б2), витаминот Ц и витаминот Е, како и бакарот, манганот, селенот и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Значајни микронутриенти се: resveratrol И OPC од грозје кои шититат од слободни радикали и сузбиваат атеросклероза; полифеноли од какао зрна - антиоксиданси со антиатероген ефект и со благотворни ефекти на васкуларната фунцкија; Omega-3 масни киселини – инхибираат агрегација на тромбоцити и L-карнитин и коензим- Q10 – подобруваат создавање на енергија.


Начин на примена:

Растворете ја содржината на едно пакување (= дневна доза) во 100-150 ml негазирана вода или сок и земајте ја секој ден за време на или по оброк, заедно со таблетата и капсулите. Се препорачува Orthomol® Cardio да се зема секојдневно и подолг временски период, за да се задоволат зголемените потреби од микронутриенти.