INSTITUTE крем за лице :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




INSTITUTE крем за лице


  • Шифра: 0021212
350 ден.

Чувствителната кожа се одликува со зголемена чувствителност на надворешни влијанија кои доведуваат до појава на црвенило чешање и чувство на жарење.

Се препорачува таа да се негува со безбеден, но едноставен и ефикасен крем кој овозможува нега, заштита, навлажнување и омекнување на кожата.

Кремот за лице за нега на сува и чувствителна кожа, формулиран со бадемово масло и колоиден овес, интензивно ја навлажнува и штити природната бариера на кожата што помага за смирување на црвенилото, сувоста, чешањето и иритацијата.

Бадемовото масло со својот избалансиран липиден состав, помага во навлажнување и омекнување на кожата.

Колоидниот овес помага во смирување на црвенило, чешање и иритации на кожата.

Глицеролот силно ја привлекува и задржува водата на површината на кожата што води до одлично навлажнување на кожата и влијае на обновување на нејзината бариера.

Со редовна употреба на кремот за лице, кожата ја задржува својата влажност во текот на целиот ден, што и дава изглед на здрава и негувана кожа.

Брзо се апсорбира, остава тенок слој, кој ја штити кожата во текот на целиот ден оставајќи чувство на мекост и нежност.

Кремот за лице содржи само природни конзерванси и сите придружни компоненти во него се нетоксични за човековиот организам и за животната средина.

Не содржи мириси и бои.