Lysoderm крем 15g
- Шифра: 0021188
- Производител: Bosnalijek
Lysoderm крем 15g.
Состав: активна супстанца - лизозим хидрохлорид.
Лизодерм крем претставува помошен локален третман на помали рани, повреди и оштетена кожа за да се поттикне епителизација како и подобрување и забразување на процесот на зараснување на рани. Може да се употребува и за третман на декубитиси, дијабетични улкуси по кожата и улкуси на потколеницата предизвикани од пореметување на венската циркулација. Ефикасно делува за третман на кожни лезии од херпесно потекло.
Начин на употреба: кремот се нанесува 2 до 3 пати на ден, директно на претходно исчистена рана. Само за надворешна употреба на кожа.