OMNI BIOTIC PANDA ќесички. 30 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




OMNI BIOTIC PANDA ќесички. 30 ќесички


  • Шифра: 0021177
  • Производител: Institut Allergosan, Австија
2.500 ден.

Што претставува граничниот производ OMNi-BiOTiC®PANDA ?
OMNi-BiOTiC®PANDA е комбинација од три различни микроорганизма кои природнo го населуваат дигестивниот тракт.

Разработен е специјално за:

-бремени жени и бебиња во текот на првата година од нивниот живот
-при семејна наклонетост кон алергиски заболувања
-астма или неуродермит
Големото количество природна микрофлора и научно докажаното дејство го претвораат OMNi-BiOTiC®PANDA во исклучително корисен производ.

Зошто пробиотиците се толку важни за дигестивниот тракт?
Постоењето на различни здрави бактериски соеви и нивната активност при размената на материи во организмот е од големо значење за одржување на нормалното функционирање на варењето . Дополнително овие синбионти (важни природни бактерии за варењето )образуваат мноштво заштитни линии против патогени, токсини од околната средина и канцерогени материи кои што доспеваат во цревата преку внесената храна. Резултатите од истражувањата укажуваат дека приемот на точно одбрани пробиотски бактериски соеви го потпомага уништувањето на штетните бактерии за организмот.

Во првите денови од животот на новороденчето е неопходно да се набават пробиотици кои што се од исклучителна важност за неговото добро варење. OMNi-BiOTiC®PANDA содржи бактериски соеви кои што се избрани врз основа на долгогодишни истражувања.

Зошто комбинација на бактериски соеви е поефикасна во споредба со поединечни соеви?
Дигестивниот тракт располага со најразвиениот ендоген заштитен систем. Тука се развиваат оние имуни клетки кои го заштитуваат нашиот организам токсини, штетните бактерии и вирусите. Во здравите црева се наоѓаат три пати повеќе имуни клетки отколку во слезината, во коскената срж и лимфните јазли земени заедно. Освен тоа цревата се одговорни за осумдесет проценти од функциите за размена на материи во организмот. Овој систем може да постои единствено и само ако присуствуваат доволно количество “добри” бактерии во цревата одговорни за едно избалансирано варење. Внимателно избраните бактериски соеви дополнително ги потпомагаат природните заштитни механизми на организмот.

Целниот ефект во детското црево кој се должи на пробиотската многувидова комбинација во OMNi-BiOTiC®PANDA, се базира на следниве параметри:

Намалена реакција на алергени
Потиснување на причинителите на алергии IL-5 и IL-13
Зголемена продукција на имуномодулирачки IL-10
Лечење на интестиналните проблеми во текот на првите месеци од животот
Кои природни бактериски соеви ги содржи OMNi-BiOTiC®PANDA?
-Lactococcus lactis W58
-Bifidobacterium lactis W52
-Bifidobacterium bifidum W23


Како правилно се користи OMNi-BiOTiC®PANDA?

Возрасни: една кесичка дневно. Истурете ја содржината од кесичката во 125 мл вода (половина чаша за вода ) и измешајте, оставете десет минути да се активира, повторно измешајте и испијте.

Бремени: врз основа на податоците од спроведените истражувања при алергиски дисбаланс се препорачува секојдневен прием на OMNi-Bi-OTiC®PANDA најдоцна по осмиот месец од бременоста.
За време на доење младата мајка може да продолжи со секојдневниот прием на OMNiBiOTiC®PANDA за да го потпомогне своето варење.

Бебиња: растворете една кесичка OMNi-BiOTiC®PANDA во две супени лажици млеко или превриена вода и накапете со пипета директно во устата на бебето.

Ако не доите слободно растварајте по една кесичка OMNi-BiOTiC®PANDA во шишето за хранење.

Внимание:
Не загревајте над 40 °С!
Доење: младата мајка треба да продолжи да зема секој ден Омни Биотик Панда, за да го потпомогне варењето.

Може ли постојано да се прима OMNi-BiOTiC®PANDA ?
Да, во суштина сите пробиотски производи OMNi-BiOTiC®можат да се користат секојдневно. Тоа се додатоци во исхраната кои што го потпомагаат правилното функционирање на варењето. Овие производи се соодветни за потпомагање на нормалната функција на цревата за времетраење на бременост и/или доењето.