OMNI BIOTIC 6 прашок 60g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




OMNI BIOTIC 6 прашок 60g


  • Шифра: 0017855
  • Производител: Institut Allergosan, Австија
2.000 ден.

Што претставува и за што се употребува граничниот производ OMNi-BiOTiC 6?

Со секоја лажица OMNi-BiOTiC 6 вие внесувате 2 милијарди активни живи бактерии, чијашто цел е да ги ослободат цревните ресички од распаднатите и ферментирачки остатоци, потоа да ја подобрат апсорпцијата на витамини и минерали како и да го стимулираат производството на ензими, аминокиселини и есенцијални масни киселини.

Состав:

OMNi-BiOTiC 6 претставува научно докажана комбинација од 6 различни бактериски соеви , коишто може да го колонизираат тенкото и дебелото црево.

-Lactobacillus acidophilus W55
-Bifidobacterium animalis W53
-Lactobacillus salivarius W57
-Lactococcus lactis W58
-Enterococcus faecium W54
-Lactobacillus casei W56
Ексципиенси: пченкарен скроб, малтодекстрин, инулин, фруктоолигосахариди (FOS), полидекстроза, калиум хлорид, бактериски соеви*, оризов протеин, магнезиум сулфат, ензими (амилази), манган сулфат.

Омни-Биотик 6 не содржи животински протеини, глутен, квасец и лактоза и е погоден за лица со лактозна интолеранција.

Бременост и доење
OMNi-BiOTiC 6 може да се употребува за време на бременост, а исто така е наменет и за мали деца и бебиња .

Влијание врз способноста за возење автомобил и/или ракување со машини – не се забележани

Влијание врз психофизичките способности- нема влијание врз психофизичките способности

Важни информации за некои ингредиенти на производот OMNi-BiOTiC 6- нема никакви информации за ексципиенсите кои би укажувале на небезбедност на овој производ.

Несакани дејства со други медицински производи

Такви не се забележани при земање на препорачаната дооза од овој производ.




Како се употребува граничниот производ OMNiBiOTiC 6?

Промешајте една рамна мерна лажичка (2g) OMNi-BiOTiC 6 во 125 мл(половина чаша за вода) млака вода, почекајте 1 минута и испијте. Најдобро е да се зема наутро пред појадок или навечер пред легнување. Можете исто така да го растворите и во млеко, јогурт или сок, доколку тоа Ви е повкусно.

OMNi-BiOTiC 6 може да се зема и два пати дневно.

Доколку страдате од интолеранција на фруктоза, тогаш треба да го оставите OMNi-BiOTiC 6 да стои во вода најмалку 30 минути. За тоа време бактериите ја метаболизираат целата фруктоза.