Pox Clin пена 100ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Pox Clin пена 100ml


  • Шифра: 0012645
  • Производител: You Medical,Холандија
610 ден.

Pox Clin пена 100ml.

Иновативна пена со ефект на ладење за нега на кожата кај деца со овчи сипаници

PoxClin® пената за ладење е медицински производ, од природни состојки како што се  Aloe barbadensis и камилица, а наменет е за нега на детската кожа со овчи сипаници. Колку што знаеме, најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање кое пак може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, така да лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.

PoxClin® пената за ладење содржи комплекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата. На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.

ја лади и смирува кожата

брзо го ублажува чешањето

ја намалува можноста за појава на трајни лузни

Со намалување на јадежот се намалува чешањето. Колку помалку се чешаме се намалува можноста за појава на трајни лузни или секундарни инфекции.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!